Регион
Интерпол бара проверка на одредени лица во БиХ, поврзани со терористичките напади во Париз
Полициските агенции во Босна и Херцеговина (БиХ) добиле барање од Интерпол за проверка на одредени лица, поврзани со терористичките нападо во Париз, соопштил директорот на Дирекцијата за координација на полициските тела во БиХ, Мирсад Вилиќ, пренесуваат тамошните медиуми.
Во Сараево во неделата беше одржан состанок на работната група за борба против тероризмот, сочинета од претставници на Обвинителството на БиХ и известувачките и полициски структури на ниво на БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ. Босанскиот министер за безбедност, Драган Мектиќ истакнал дека постои силна соработка со француските известувачки служби и полициските агенции од БиХ.
„Преку Интерпол со нив разменуваме информации и заедно трагаме по одреден број на лица за кои тие имаат сознанија дека се вмешани во терористичките напади во Париз“, рекол Мектиќ.
Дирекцијата за координација на полициските тела во БиХ, во соработка со останатите полициски агенции преземала мерки на заштита на дипломатско-конзуларните претставништва, а особено на заштита на француската амбасада и другите институции кои имаат некаква врска со Франција, додал Вилиќ.
Тој додал дека Советот на министри на БиХ активно и постојано продолжува со спроведувањето на стратегијјата за борбата против тероризмот и сите облици на екстремизам./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Три земји сè уште ја немаат признаено Хрватска
Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, изјави дека одбележувањето на Денот на меѓународно признавање на Хрватска и Денот на мирна реинтеграција на хрватскиот Дунавски регион на 15 јануари не е само сеќавање на минатото, туку и потсетник за одговорноста што ја имаме за сопствената иднина, слободата и демократијата.
„Особено е важно да се истакне ова во овие моменти на создавање нови геополитички односи“, рече Гордан Јандроковиќ, потсетувајќи дека на овој ден во 1992 година, сите 12 членки на тогашната Европска заедница ја признаа Република Хрватска како суверена и независна држава.
„Оваа јасна политичка порака го отвори патот за Хрватска да добие други важни признанија“, нагласи тој, обраќајќи се пред пратениците.
Тој, исто така, потсети на зборовите што ги изговори првиот хрватски претседател, д-р Фрањо Туѓман, во неговото обраќање до нацијата таа јануарска вечер во 1992 година. „Денес – 15 јануари 1992 година – ќе биде врежан со златни букви во целата четиринаесетвековна историја на хрватскиот народ на ова подрачје, свето за нас, помеѓу Мура, Драва, Дунав и Јадранот.“
„И нема сомнение дека ќе биде така“, рече Јандроковиќ, нагласувајќи дека ова меѓународно признание беше круна и кулминација на сите историски моменти, но и на храбрите, визионерски одлуки на тогашното државно раководство.
Три земји сè уште не ја признале Хрватска
Јандроковиќ, исто така, потсети дека пред 15 јануари 1992 година, Хрватска беше признаена од некои земји кои дури и самите не беа меѓународно признати: Словенија, Литванија, Латвија и Украина.
„Вреди да се потсетиме на ова особено, како и на фактот дека првата меѓународно призната земја што ја призна Хрватска беше Исланд, на 19 декември 1991 година“, истакна тој.
Три земји сè уште официјално не ја признале Хрватска, ниту пак воспоставиле дипломатски односи со Хрватска. Тоа се Бутан, Нигер и Тонга, објави Индекс.хр.
фото/Depositphotos
Регион
(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен
Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица југ.
Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија.
Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите.
Словенечкиот информативен центар за сообраќај им советува на возачите на патнички возила да се пренасочат кон регионалните патишта.
Регион
Дачиќ: Вонредна состојба во осум општини, по временските проблеми, ситуацијата се стабилизира
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес изјави дека вонредната состојба е на сила во осум општини и изјави дека ситуацијата во Србија е релативно нормализирана по временските проблеми, како и дека снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано.
Дачиќ изјави дека вонредната состојба е сè уште на сила во Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупње, Мајданпек, Сјеница, Ивањица и на дел од територијата на општина Лучани, и најави дека во петок повторно ќе се одржи состанок на Републичкиот штаб за вонредни состојби, на кој ќе се дискутира моменталната метеоролошка и хидролошка состојба во земјата.
Кога станува збор за снабдувањето со електрична енергија, Дачиќ изјави дека четири локални заедници се без електрична енергија во Мајданпек, дека 141 потрошувач немаат електрична енергија во Прибој, 325 во Ариље, 22 во Чајетина и 12 потрошувачи во Куршумлија.
„Ситуацијата овде, барем според овие податоци, е стабилизирана“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.
Дачиќ рече дека Одделот за вонредни ситуации имал 133 интервенции од 4 јануари, во кои биле ангажирани 297 пожарникари-спасувачи со 142 возила, 25 пумпи и три чамци, и дека 42 лица се евакуирани.
„Теренот сè уште се посетува, ангажирани се пожарникари, припадници на полицијата каде што е потребно, како и армијата, Црвениот крст и цивилната заштита, и можам да кажам дека ситуацијата е релативно стабилизирана и нормализирана“, рече министерот.
Тој изјави дека Штабот за вонредни ситуации ќе се состанува еднаш неделно и додаде дека превенцијата е важна, со цел да се процени ситуацијата и да се извлечат поуки.
„Секогаш кога нешто ќе се случи, убаво го пребродуваме сето тоа и заклучуваме дека нешто не е во ред, но потоа имплементацијата на она што сме го научиле мора да почека до следната можност. Ова не треба да се повтори. Мислам дека сите министерства, јавни претпријатија, институции и деловни организации треба да ги разгледаат факторите на ризик во нивниот оддел и што треба да се направи за да се спречи ова да се повтори следната година“, рече Дачиќ.
Тој истакна дека проблемите со електричната енергија се главно предизвикани од паднати дрвја и дека е потребно да се разгледа како да се реши ова системски за да не се повтори вонредната ситуација.

