Регион
Истрага по обвинувањата за корупцијата во Еулекс
Челникот на Европската полициско-правосудна мисија (Еулекс) на Косово, Габриеле Меучи, изјави во четвртокот дека „темелно ќе ги истражи“ обвинувањата за корупција на тројца челници на мисијата.
„Овие обвинувања ги сфаќаме многу сериозно“, изјави италијанскиот дипломат Габриеле Меучи, на прес-конференцијата во Приштина.Обвинувањата коишто британската обвинителка Марија Бамиех го изнесе против главната обвинителка на Еулекс, Јарослава Новотна од Чешка и поранешниот судија на Еулекс, Италијанецот Франческо Флорито ќе бидат предмет на „темелна истрга“.Обвинувањата „нема да бидат занемарени“, истакна Меучи на првата прес-конференција откако Британката во вторникот ги изнесе споменатите обвинувања за агенцијата AFP и некои локални медиуми.Еулекс кој денес има 1.500 вработени, беше основан во 2008 година, неколку месеци откако поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија еднострано со поддршка на САД и главните земји од Европската унија прогласи независност, и мисијата има мандат да решава предмети кои ќе бидат оценети како премногу чувствителни за локалните судови.Одговарајќи во вторникот на прашање на AFP дали има основани сомневања дека високи функционери на Еулекс примале мито за да се откажат од решавања на чувствителните предмети, Бамиех одговори кусо и потврдно само со „да“.Британката ги обвини Новотна, Флорито и канадскиот обвинител Џонатан Рател дека примале мито од косовски кругови за да се откажуваат од судски прогони. Покрај тоа, го обвини Канаѓанецот дека се обидел да ја спречи во објавувањето на овие информации.„Не знам што за тоа мислат, но мојата задача како обвинител е да известам за таквите работи. Доколку не го сторев тоа, ќе ме обвинеа дека и самата сум учествувала во тоа“, изјави во вторникот.Меучи во четвртокот изјави дела Еулекс од 2013 година е запознаен со тие обвинувања и дека мисијата и „косовското правосудство покренале заедничка истрага“ за тој случај.„Се спроведува темелна истрага во согласност со она што е самата суштина на дејствувањето на Еулекс, односно борбата со корупцијата и со неказнивоста. Не можам да откријам во која фаза е моментално криминалистичката истрага“, додаде Италијанецот.Според приштинските медиуми, на Новотна и Флорито им биле понудени речиси 350 илјади евра за да отфрлаат обвиненија. Бамиех којашто во Еулекс работи од самит почеток на мисијата, односно од 2008 година, беше сменета од должноста минатата седмица, неколку денови пред избувнувањето на скандалот.„Не станува збор за санкција, туку за мерка, каква што се применува во ваквите ситуации“, тврди Меучи.„Сакаат да ме казнат поради она што јас, случајно, го открив работејќи ја својата работа“, изјави Бамиех во вторникот.Покрај тоа, изјави дека информациите со коишто располага, доколку бидат откриени, „ќе ја запрепастат Европската унија“. „Да, тоа ќе ги запрепасти ЕУ, бидејќи таа организација (Еулекс) троши пари на даночните обврзници, а не прави ништо за косовскиот народ“, изјави./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

