Регион
Koha Ditore: ЕУ е шокирана од скандалите во ЕУЛЕКС

Дипломатите во Брисел се шокирани поради сериозните сомневања за корупција и политичко влијание во истрагите на ЕУЛЕКС; но и понатаму останува впечатокот дека европските структури се обиделе да ги сокријат трагите од овие прекршоци, пишува косовскиот весник Koha Ditore.
Дури после една година, структурите на ЕУЛЕКС на Косово и оние во Брисел, кои ја надгледуваат оваа мисија, ги известиле политичките центри на Унијата во врска со постоењето на сериозни сомнежи за корупција во ЕУЛЕКС.
Покрај тоа што европските парламентарци и дипломати биле шокирани од пишувањата на Koha Ditore, се уште се разочарани поради признавањата на структурите на ЕУ дека ова не е ништо ново, но дека не преземале ништо за расветлувањето на оваа состојба, пишува приштинскиот весник.
„Понекогаш изгледа комично кога нас ни кажуваат за сето ова многу порано од пишувањата во Koha Ditore. Затоа нас ништо не ни рекоа, затоа чуваат тајни. Тоа раѓа сомнежи дека се прикривани трагите, што е посебен скандал сам по себе“, рекол еден европски дипломат.
Како што пренесува Koha Ditore, најмалку 18 лица од редовите на ЕУЛЕКС се под истрага.
„Велат дека оваа истрага ќе биде брза и длабинска, се додека не се открие правдата“, изјавил претставници на ЕУ за Koha Ditore./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.