Регион
Корупцијата во ЕУЛЕКС ја загрижува цела ЕУ
Потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП) Улрика Луначек изјавила дека доколу една мисија на ЕУ е вмешана во корупција, тогаш тоа не е загрижувачко само за таа мисија, туку за целата Унија, пренесуваат косовските медиуми.
Во интервју за емисијата „Живот на Косово“, Луначек изјави дека често слуша како некои луѓе зборуваат оти косоварите успеале да ја корумпираат и Европската унија.
„Во моментов некои зборуваат дека косоварите ја инфицирале ЕУ и дека сите се корумпирани, а поради ова не ни треба држава Косово, нити ЕУ“, изјави Луначек.
Таа додаде дека прашањето треба да се разјасни внатрешно во мисијата на ЕУ, и истакна дека доколку не започне истрага што поскоро, тоа би било доста загрижувачко.
Луначек рече и дека веќе започнала истрага за вмешаноста на поранешниот претседател на судскиот совет на ЕУЛЕКС, Франеско Флори, но дека во моментов нема други истраги./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Хаос во Хрватска поради тепачка меѓу хулигани – прекинат сообраќајот, се тепаа среде улица
Кошаркарите на Осиек направија големо изненадување во 15. коло од хрватскиот шампионат, откако го победија Задар со резултат 60:58. Сепак, тој дуел ќе биде запаметен повеќе по тепачката што се случи по натпреварот.
05.01.2025🇭🇷Kohorta attack Tornado. Osijek plays basketball with Zadar, for more click here: https://t.co/zkbpIMdwZX pic.twitter.com/Z6kBW3Ahig
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 5, 2025
Недалеку од салата дошло до конфликт меѓу навивачките групи на двата тима.
На социјалните мрежи се појавија видеа од конфликтот на кои не се гледа точно се што се случило, но забележливо е дека сообраќајот е прекинат и дека дошло до физичка пресметка.
05.01.2025🇭🇷Kohorta attack Tornado. Osijek plays basketball with Zadar, for more click here: https://t.co/zkbpIMdwZX pic.twitter.com/AcCFj0o9wz
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 5, 2025
Засега нема информации дали има повредени или колку се уапсени.
Регион
Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена
Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во Цетиње, покажал дека тој не бил позитивен на психоактивни супстанци и дека имал алкохол во крвта, пренесува Вијести.
„Добив информација дека анализата на крвта на убиецот Ацо Мартиновиќ покажала 0,40 грама на килограм, анализата на урината 0,40 грама на килограм и тој не бил позитивен на психоактивни супстанци. Тоа значи дека бил во помалку алкохолизирана состојба“, рече тој.
Тој рече и дека е можно да имал повеќе промили во крвта отколку што е на крајот покажано, со оглед на времето што поминало од првото до последното убиство и обдукцијата.
Тој додаде дека се уште не е познат точниот мотив за убиствата, за кои потврди дека се извршени за околу 30 минути.
„Мотивот се утврдува. Тој ги одзел животите на своите најблиски пријатели, членови на семејството, изразил бруталност и агресивност кон децата“, рече Шќепановиќ.
Тој додаде дека разговарал со членовите на семејството на повредените и со полицајците кои го познавале, а ги прочитал и изјавите на сведоците кои добро го познавале Мартиновиќ.
„Не можам точно да кажам каде да барам мотив“, рече тој.
Регион
Србија прогласи Ден на жалост поради трагедијата во Цетиње
Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагичниот настан во градот Цетиње, Црна Гора, каде што беа убиени 12 и ранети четири лица.
Одлуката за прогласување Ден на жалост беше донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, по предлог на претседателот Александар Вучиќ.
Седницата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од масовното убиство што ја потресе регионот.
Трагедијата се случи на 1 јануари, кога вооружен маж застрела седум мажи и три жени, меѓу кои и својата сестра, како и две деца на возраст од 10 и 13 години. По страшниот чин, напаѓачот се застрела во главата и подоцна почина на пат кон болница. Четири лица кои беа тешко повредени се хоспитализирани и се наоѓаат под медицинска грижа.