Регион
Курдска група ја презема одговорност за експлозијата на аеродромот во Истанбул

Курдската група Јастреби за слободата на Курдистан,порано поврзана со забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (PKK) ја презема одговорноста за експлозијата која одекна на 23-ти декември на аеродром во Истанбул во која загина едно лице.
Според агенцијата Reuters, курдските милитанти тврдат дека го извршиле нападот со минофрлач.Дека аеродромот „Сабиха Ѓекчен“ во Истанбул може бил цел на минофрлачки оган, претходно извести телевизијата Habertur, повикувајќи се на полициски извори.Турските власти не ги потврдија ваквите наводи. Експлозијата се случи во зоната во која се паркираат авионите, каде што се наоѓал во моментот авион на турската воздухопловна компанија „Pegasus Airlines“. Притоа беа повредени двајца вработени на аеродромот.Компанијата соопшти дека двајца хигиеничари се наоѓале во внатрешноста на авионот во моментот на експлозијата, но немало патници. Триесетгодишната Зехра Јамач беше повредена во главата. Лекарите не успеаја да ја стабилизираат нејзината состојба, и таа почина неколку часа подоцна во болница. Веднаш по експлозијата турските власти ги засилија контролите на приодите на двата истанбулски аеродрома./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.