Регион
Мета: Посетата на Рама на Белград е придонес за заедничките интеграции

Претседателот на Собранието на Албанија, Илир Мета изјави дека посетата на премиерот Еди Рама на Белград, која ќе се случи во понеделник ќе придонесе за интегрирањето на Албанија и Србија во ЕУ.
Мета го изјави ова на средбата што ја имаше во Тирана со потпретседателката на Собранието на Србија, Гордана Човиќ. Мета и Човиќ оценија дека неоходно Албанија и Србија ја ги зајакнуваат меѓупарламантарните односи и додадоа дека конструктивната соработка е во интерес на целиот регион.
Албанските медиуми во саботата објавија бројни информации дека во Белград се уапсени тројца сомнителни лица кои планирале атентат врз Рама за време на неговата посета на Белград. Медиумите истакнуваат дека официјален Белград за посетата на албанскиот премиер, во оваа напната политичка состојба на двете земји, ќе примени силно обезбедување, слично на оваа што Србија го имаше за време на посетата на Путин.
Во бројните коментари се наведува дека албанскиот премиер Еди Рама, покрај Белград ќе ги посети и Албанците во јужниот дел на Србија./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин