Регион
Милановиќ: Шешељ би бил осуден во секоја земја

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во четвртокот изјави дека претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ „би бил уапсен во секоја земја, поради тоа што повикувал на истребување и убиства“, пренесуваат хрватските медиуми.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во четвртокот изјави дека претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ „би бил уапсен во секоја земја, поради тоа што повикувал на истребување и убиства“, пренесуваат хрватските медиуми.
Милановиќ оцени дека „само работите кои Шешељ ги говорел во текот на 1990-те години се тешко кривично дело“.
Според хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, пак, случајот со ослободувањето на Шешељ од страна на Хашкиот трибунал на привремена слобода, претставува „пример за неефикасноста на меѓународната правда“.
„Многу тажно и обесхрабрувачки е тоа што Судот, во кој многумина веруваа, не беше во состојба низ сите тие години да ја доведе оваа постапка до крај“, изјави Јосиповиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.