Регион
Наследничките на поранешна Југославија треба да поделат уште 51 амбасада

По тригодишна пауза земјите од поранешна Југославија повторно ќе имаат состанок на кој треба да се договорат за поделбата на имотот на федерацијата, пишува српскиот весник Вечерње новости.
На земјите наследнички им останува да поделат 51 дипломатско претставништво во светот. Според договорот од последниот пакет, Србија има право на 41 процент. Од вкупно 123 дипломатски претставништва кои биле сопственост на Југославија, досега се поделени 72.
Од нив Србија добила 30, Хрватска 18, Словенија и Босна и Херцеговина (БиХ) по 10, а најмалку Македонија – четири. Највредните амбасади кои треба да бидат поделени во оваа фаза се резиденцијата во Токио и дипломатската мисија во Њујорк. Најмал интерес има за објектите во Латинска Америка и Африка.
Најверојатно овие објекти ќе бидат продадени, а парите од нив ќе бидат поделени. Следниот состанок на претставниците на земјите наследнички треба да се одржи во Македонија до крајот на првата половина од оваа година, посочува весникот./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.