Регион
НАТО: Пристапните преговори со Црна Гора ќе започнат кон средината на февруари
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека пристапните преговори со Црна Гора ќе започнат кон средината на февруари, пренесуваат црногорските медиуми.
„За време на 2015-та година донесовме уште една важна одлука која ќе ја унапреди стабилноста на западен Балкан. Формално ја поканивме Црна Гора да ги започне разговорите за да започне 29-та членка на НАТО. Пристапните преговори ќе започнат кон средината на февруари. Со ова им се праќа јасен сигнал на оние кои сакаат членство во НАТО дека вратите на Алијансата остануваат отворени“, рекол Столтенберг, пренесува РТЦГ.
Тој потсети дека во декември НАТО ја повика Црна Гора да ги започне преговорите за членство во Алијансата, потврдувајќи го напредокот кој земјата го направи, притоа демонстрирајќи желба и посветеност кон политиката на отворени врати на Алијансата.
„Со цел да се достигнат сите три основни цели на Алијансата – заедничката одбрана, решавањето на кризните ситуации и колективната безбедност – од големо значење е не само НАТО да ја има вистинската политика, способност и однос, туку и структурите кои ова го поддржуваат да функционираат и служат на потребата. За таа цел во 2015-та година НАТО продолжи да се прилагодува ко институција и да ги имплементира реформите во својот цивилен и воен сегмент на структурата, како би обезбедил модерна, ефикасна и одговорна институција“, додаде Столтенберг.
Генералниот секретар на Алијансата потенцирал дека од формирањето на НАТО во 1949-та година, организацијата се зголемила од 12 на 28 членки, и тоа во шест рунди на проширување. Столтенберг исто така истакнал дека 2015-та година покажала дека „нестабилноста во странството директно влијае на безбедноста дома, но исто така покажува и дека Алијансата реагира на ова“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.

