Регион
Несогласувања во хрватскиот политички врв за повлекувањето на амбасадорот од Белград
Хрватската влада не се согласува со мислењето на претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ за одлуката околу повлекувањето на хрватскиот амбасадор од Белград, пишуваат хрватските медиумите.
Грабар – Китаровиќ ваквиот потег го нарекла „избрзан“, а поради влошувањето на односите меѓу Хрватска и Србија последниов период добила пораки од нејзиниот српски колега Томислав Николиќ, како и од српскиот премиер Александар Вучиќ во кои тие ја истакнале приврзаноста кон доброседските односи меѓу двете страни.
„Сметам дека повлекувањето на амбасадорот на консултации во Загреб беше избрзано. Требаше да се врачи протестна нота и јасно да се осудат постапките на министерот Вулин и на Војислав Шешељ“, изјавила хрватска претседателска.
Од хрватската влада пак сметаат дека ваквиот став на Грабар – Китаровиќ е „несфатлив“.
„Што се однесува до нас, владата целосно стои зад министерката за надворешни работи Весна Пусиќ, која одлучи да го повлече амбасадорот Горан Маркотиќ на консултации во Загреб“, изјавил висок владин претставник за загрепскиот весник Jutarnji list.
Од хрватската влада појасниле дека повлекувањето на амбасадорот во дипломатска смисла преставува порака до Србија дека нејзините претставници изнеле неприфатливи оценки за Хрватска, односно првенствено испадот на српскиот министер Александар Вулин кој го обвини хрватскиот премиер Зоран Милановиќ дека не се грижи околу злосторствата над Србите, а генералот Анте Готовина пак, го нарекол „усташки злочинец“.
Според пишувањата во Jutarnji list, „претседателката Колинда Грабар – Китароиќ била известена дека владата ќе го повлече хрватскиот амбасадор од Белград“.
„Нема потреба сега и ова прашање до претвораме во судир со претседателската и повторно да создадеме тензии. Во секој случај, амбасадорот Маркотиќ се наоѓа во Загреб и тука ќе остане периодов“, изјавиле од кабинетот на шефицата на хрватската дипломатијата, Весна Пусиќ./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

