Регион
Нимиц на средба со Венизелос во Атина
Специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во среда, во Атина ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.
Нимиц претходно беше во дводневна посета на Скопје каде што оствари средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, шефот на македонската дипломатија Никола Поповски и со новиот преговарач Васко Наумовски.
По средбата со Груевски, во вторник, Нимиц рече дека преговорите со Грција се околу разликите за името, а не за идентитетот.
Според него, Обединетите нации немаат мандат да преговараат за идентитет, зошто тој, како што рече, го гради секој народ посебно.
„Треба да бидеме јасни, мандатот на ОН е јасен и тој е се однесува за името на државата. Треба да рагледаме што треба да се разреши. Би сакал да заклучам дека народите имаат свои идентитети и Обиденетите нации не преговараат за идентитети на еден народ. Народот го создава својот идентитет преку своите дејствија својата култура и оваа земја си има свој идентитет“, рече Метју Нимиц.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“.
Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е во полн ек.
„На маргините на состанокот на лидерите од Западен Балкан, имав добар состанок со претседателот Александар Вучиќ за да ги подготвам следните чекори додека започнуваме амбициозни реформи врз основа на реформската агенда на Србија. Новиот план за раст од 6 милијарди евра е веќе во полн ек. Повеќе реформи, повеќе поддршка!“, рече Вархеји.
Регион
Експлозија во Нови Сад: едно лице повредено
Едно лице е повредено денеска кога се случила експлозија во Нови Сад.
Дошло до експлозија на плинска боца.
Повредениот веднаш бил пренесен на Ургентниот центар, но за сега не се знае за сериозноста на повредите. Истрагата е во тек, а по задолжителниот увид, се очекува на самото место да излезат екипи на компанијата „Нови Сад гас“.
Регион
Три девојчиња претепале врсничка пред училиште во Панчево
На социјалните мрежи се појави снимка од тепачка што се случи синоќа во Панчево, а според првите информации, се работи за тинејџерки, инаку малолетни.
На видеото се гледа како три девојчиња ги тепаат своите врсници.
Околу нив има голем број луѓе, но никој не се обидува да ги спречи во насилството. Во еден момент претепаното девојче паѓа на бетонот, но трите врснички продолжуваат да ја удираат по главата по што некој од присутните ги раздвојува.
Од полициската управа во Панчево велат дека веднаш ги презеле сите дејства за идентификување на учесниците и утврдување на околностите, но дека самиот случај не бил пријавен во полиција од ниту еден од учесниците. Исто така, потенцираа дека по сознанијата за актерите на инцидентот, ќе се консултираат надлежното обвинителство и судот.