Регион
Орешарски смета дека неговата влада постигнала добри резултати

Пред една година Владата го презеде управувањето со земјата во услови на длабока институционална криза, економска депресија, невработеност и долгови, но успеа да постигне добри резултати, порачал бугарскиот премиер во заминување Пламен Орешарски во средата при предавањето на функцијата на новиот премиер на земјата, Георги Близнашки, пренесуваат бугарските медиуми.
„Работевме во најсложената политичка средина. Исполнивме доминантен дел од нашите цели запишани во раководната програма. Се водевме од интересот на луѓето, иако секојдневниот отпор беше голем. Сметам дека постигнавме добри резултати“, изјавил Орешарски.
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во вторникот го претстави составот на техничката влада, а за премиер го назначи професорот по право Георги Близнашки.
Според новоименуваниот бугарски премиер Близнашки, техничката влада ќе има за цел да ја води земјата до парламентарните избори кои се закажани за 5-ти октомври, и да донесе „поголема стабилност, дијалог и транспарентност во управувањето, како и почитување на законите на земјата и Уставот“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.