Регион
По земјотресот во Зеница двајца рудари повредени и осум затрупани

Двајца рудари се повредени а уште осум останале во затрупани под земјата во рудникот за јаглен во Зеница, по придвижување на земјата предизвикано од земјотресот кој ја погоди оваа област од Босна и Херцеговина во четвртокот попладне.
Директорот на рудникот „Распоточје“ крај Зеница, Есад Чивиќ изјави за телевизијата BHT 1 дека повредените лекари добиле медицинска помош и оти се надвор од животна опасност.
Чивиќ додаде дека се преземаат мерки за извлекување на рударите коишто останале блокирани во еден дел од рудникот. Појасни дека со нив е воспоставена комуникација, а со нив имаат и резерви од кислород, па не се во животна опасност.
Областа на Зеница малку по 16 часот во четвртокот беше погодена од земјотрес за кој сеизмолошките служби јавија дека бил со магнитуда од 3,5 степени по Рихтер. Потресите со ваква силина не предизвикуваат оштетувања на градби, но силно се чувствува на површината на земјата или под неа./крај/мф/сн
Извор: Dnevni avaz
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.