Регион
Почина поранешниот турски претседател Демирел
Поранешниот труски претседател Сулејман Демирел, еден од великаните на турската политика во повеќе од половина век, почина во средата во 90-та година од животот во болницата „Ѓувен Хастанеси“ во главниот град Анкара.
Од 1965 година Сулејман Демирел ја водеше Турција повеќе од 11 години на чело на седум влади, што е втората најдолга премиерска кариера зад онаа на актуелниот претседател и поранешен премиер Реџеп Тајип Ердоган (2002- 2014). Притоа ја извршуваше должноста шеф на државата од 1993 до 2000 година.
Демирел починал како последица на тека инфекција на дишните патишта, пренесе агенцијата Anadolu повикувајќи се на официјални болнички извори. Беше хоспитализиран поради респираторна инфекција на 13-и мај и повеќе од месец беше лекуван, поради проблеми со дишењето, како и со работата на срцето. Во вторникот состојбата на Демирел остро се влошила, по што починал ноќта кон средата.
Роден 1-ви ноември 1924 година в селото Исламкој во провинцијата Испарта, овој прагматичен конзервативец, подготвен на секакви коалиции, ја започна политичката кариера во 1960 година, по првиот воен удар кога е соосновач на Партијата на правдата. Два негова мандата на чело на турската влада потоа беа прекинати од уште два пуча кои ги изведе армијата во 1971 и во 1980 година.
Демирел кој инаку во 1949 година дипломирал на градежниот факултет на Истанбулскиот технички факултет, во два периода од 1949-1950 и 1954-1955 година стажирал во САД, беше особено фален поради ораторските способности. Него го викаа „татко“, а во 1993 година беше избран за деветтиот претседател на Турција. Официјално се повлече од политичкиот живот по завршувањето на претседателскиот мандат на 16-ти мај 2000 година, но продолжи да дава политички совети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

