Регион
Пораки на Нишани и Ердоган за Македонија

Услов за стабилна Македонија е целосното имплементирање на Охридскиот договор, ова го изјави во средата во Тирана турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган по средбата со неговиот албански колега Бујар Нишани.
Ердоган притоа нагласи дека во Албанија се чувствува како во негов втор дом и додаде дека неопходно е да се преземаат активности за стабилизирање на состојбите во регионот.
„Има и такви кои сакаат конфликти во Балканот“, рече Ердоган и истакна дека тензиите „кои се присутни треба да се решаваат со дијалог“.
Неговиот домаќин, албанскиот претседател Бујар Нишани, пак, истакна дека треба да се спречи активноста за отворање нови конфликти во регионот. Тој побара од надлежните институции во Македонија, но и меѓународниот фактор да се обелоденат околностите за полициската операција во кумановската Дива населба во којашто загинаа осум македонски полицајци и 14 припадници на вооружена групација којашто, според сознанијата на македонските безбедносни имала намера да врши терористички акти против државни институции и цивилни цело
„Овој настан е нејасен“, додаде Нишани и побара од македонските власти да се почитува Охридскиот договор, без да појасни на што точно мисли.
Инаку Нишани и Ердоган во Тирана разговараа и за новите турски инвестиции во Албанија./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.