Регион
Проширувањето на ЕУ е најмоќното средство за промоција на реформи во земјите кандидати
Летонското претседателство со Европската унија (ЕУ), кое започна на почетокот од оваа година, е задоволно од напредокот на земјите од западен Балкан во евроинтеграциите, порачувајќи дека еден од приоритетите на Рига во следните шест месеци ќе биде зајакнувањето на улогата на Унијата како глобален актер.
Летонското претседателство со Европската унија (ЕУ), кое започна на почетокот од оваа година, е задоволно од напредокот на земјите од западен Балкан во евроинтеграциите, порачувајќи дека еден од приоритетите на Рига во следните шест месеци ќе биде зајакнувањето на улогата на Унијата како глобален актер.
„Секоја земја има свој ритам, но процесот на приближувањето кон ЕУ и нејзините вредности, како и постепената интеграцијата на политиката е позитивен тренд“, изјавил Едгарс Ринкевичс, претседавач со Советот на министри на ЕУ и министер за надворешни работи на Летонија, во интервју за „Вечерње новости“.
Осврнувајќи се на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Србија, тој истакнал дека успехот и брзината на овој процес ќе зависи од напредокот кој ќе го оствари Србија, а ова се однесува на реализирањето на акциските планови кои се однесуваат на основните права и правосудството, како и на натамошниот напредок во реформите во однос на владеењето на правото и продолжувањето на дијалогот со Косово.
„Летониј очекува Србија и Косово да продолжат да работат на натамошната нормализација на односите на сите нивоа, како што се согласија двете страни во Бриселскиот договор, потпишан во април 2013 годна. Дијалогот на високо ниво по формирањето на косовската треба да продолжи и во блиска иднина, за да се забрза примената на постоечките договори“, истакнал Ринкевичс.
Тој додал дека „проширувањето на најважното и најмоќното средство на ЕУ во промовирањето реформи во земјите кандидати“, но потврдил дека напредокот на секоја земја зависи од исполнувањето на условите.
„Ќе сметаме дека сме постигнале успех за време на нашето претседателство, доколку биде олеснат натамошниот пат во евроинтеграциите и реформите во земјите од западен Балкан, како и доколку можеме да ги отвориме првите преговарачки поглавја со Србија“, заклучил Ринкевичс, најавувајќи дека во следните месеци ќе го посети регионот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Грција: човек затворил 58 мачки и ги мачел, осуден на 1,7 милиони евра казна
Грчки суд изрече казна од 1,7 милиони евра за суровост кон животните.
По дојава од минувачи, грчката полиција наишла на затвор за мачки. 68-годишен Грк затворил 58 мачки во трошна зграда. Ги оставил без храна, вода и ги мачел. Уапсениот човек им рекол на властите дека собирал животни скитници бидејќи бил чувствителен на нивната тешка состојба.
Неговите адвокати се обидоа да го претстават како ментално болен, но експертите на судот докажаа дека тој бил свесен за своите постапки.
За првпат, суд изрече казна од 1,7 милиони евра поради екстремната суровост на делото, коментираат адвокатите.
Судиите, исто така, ги забележаа претходните нечовечки и сурови дела на обвинетиот кон кучињата.
Животните се сместени во засолниште и за нив се грижи соопшти Сојузот за заштита на животните.
Регион
Борисов: Имаме предложено име за посебен управител во ‘Лукоил’, чекаме Радев да се изјасни
Чекаме претседателот Радев да донесе одлука – да стави вето или да го усвои законот, имаме име за посебен управител во Лукоил, тоа е договорено со партнерите, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во парламентот.
Според него, единствената улога на шефот на државата е да стави вето на законот или да го донесе, а не да дава совети.
„Знам зошто го направи тоа, беше иритиран од писмо што му го испратив доверливо“, рече Борисов, без да даде детали.
„Можам да го уверам претседателот Радев дека секоја акција што ја преземаме е координирана со Европската комисија, OPAC и Министерството за енергетика на САД. Затоа, сè што барам е да проговори“, додаде Борисов, цитиран од БГНЕС.
Според него, доколку Радев не стави вето, веднаш ќе биде назначен управител.
„Сè е во ред – имаме бензин шест месеци, дизел четири, керозин два месеци“, објасни понатаму лидерот на ГЕРБ.
Борисов беше категоричен дека Пеевски нема да ја земе рафинеријата, исто како што нема да ја земат Кирил Петков и Асен Василев.
Регион
Инцидент во Словенија: член на паравоена група се обидел да му даде пиштол на премиерот Голоб
Попладнево, полицијата интервенираше пред зградата на словенечката влада во Љубљана, кога припадник на т.н. Штаерската гарда, паравоена група и самопрогласена милиција, се обиде лично да му предаде нелегален пиштол на премиерот на Словенија, Роберт Голоб.
Инцидентот се случи еден ден откако Голоб објави закон што ќе овозможи доброволно предавање на нелегално оружје без последици, јавува агенцијата СТА.
Канцеларијата на премиерот одби да коментира за инцидентот, истакнувајќи дека очекува полицијата да постапи во согласност со законот.
Јавноста првпат дозна за Штаерската гарда во 2018 година, кога на Интернет беше објавено видео на кое се гледа група од неколку стотици маскирани мажи во воена опрема, некои од нив со секири и автоматски пушки, наредени во шума. Подоцна рекоа дека станува збор за воздушни пиштоли.
Видеото предизвика загриженост за паравоената природа на групата и нејзиното потенцијално влијание врз јавниот ред.
Групата често е критикувана за своите екстремни ставови и напори да влијае врз политичките процеси во земјата со употреба на насилство или закани.
Водачот на групата, Андреј Шишко, беше осуден на осум месеци затвор за обид за поткопување на уставниот поредок.

