Регион
Протести во Грција против предлогот на доверителите

Речиси 17.000 луѓе, повеќето симпатизери на владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, протестираа во понеделникот во Атина и во Солун против предлогот на меѓународните доверители кои го сметаат за „уцена“.
Според процените на полицијата во центарот на Атина се собрале повеќе од 13 илјади луѓе, а во Солун околу четири илјади.
„Не за уцените на Тројката“ (ЕЦБ, ЕК, ММФ), „Не за меморандумите“ (мерките за штедење), „Нашите животи не им припаѓаат на доверителите“, беа некои од пораките истакната на транспарентните.
Европските челници претходно во понеделникот ги предупредија Грците дека „не“ за предлогот на доверителите на референдумот во недела би значело и „не за Европа“.
„Долгот не е одржлив, грчкиот народ направи многубројни жртви. Не ме интересира еврото, туку на идните генерации да им се гарантира дека ќе можат да живеат достоинствено“ појаснува во репортажата на AFP Вангелис Церес, педесетгодишник невработен од почетокот на кризата во 2010 година. Тогаш, вели, морал да ја затвори својата издавачка куќа отворена пред 12 години.
„Повеќето од оние што демонстрираат ги поддржуваат еврото и ЕУ, но не по секоја цена“, вели 33-годишната Елени Георгули, професорка по книжевност./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.