Регион
Путин ќе се сретне со Ердоган во Турција на 10-ти октомври, можен план за Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул на 10-ти октомври, објави Кремљ во вторникот во периодот земјите настојуваат да ги поправат нарушените односи со уривањето на рускиот борбен авион ланскиот ноември крај сириско-турската граница, што Москва го оцени како „планирана провокација“.
Посетата на Турција, во рамките на светскиот енергетски конгрес кој во Истанбул ќе се одржува од 9-ти до 13-ти октомври, ќе биде првата посета на Владимир Путин по помирувањето и укинувањето на руското ембарго за Анкара, откако неочекувано во јуни турскиот челник Реџеп Тајип Ердоган со писмо му се обрати на рускиот претседател во кое му изрази жалење и извинување за инцидентот.
Кризата во меѓусебните односи донесе големи загуби за турската економија изразени во милијарди американски долари, поради ембаргото во градежниот сектори и увозот на прехранбени и други продукти од Турција, а во прв ред во туристичкиот сектор.
Од кабинетот на Ердоган во вторникот соопштија дека турскиот претседател би можел на Москва да ѝ изложи план за прекин на огнот за прекин на огнот во Сирија, откако во понеделникот САД еднострано се повлекоа од договорот што на 9-ти септември во Женева го потпишаа со Русија.
Русија и Турција поддржуваат спротиставени страни во сирискиот конфликт, бидејќи Анкара е на страната на сунитските бунтовници кои сакаат да го соборат алавитскиот (шиитски) сириски претседател Башар ал-Асад, а Москва е главниот сојузник на Дамаск./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна.
Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор.
Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда навечер.
„Тој е сè уште во сериозна здравствена состојба. Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба“, рече Попевиќ.
Тој додаде дека е прерано да се даваат какви било прогнози.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра. Вучиќ ја даде изјавата од авионот, пренесува РТС.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.

