Регион
Рубио: Проширувањето на НАТО со Црна Гора е еден од начините да се сузбие руското влијание

Проширувањето на НАТО со Црна Гора е еден од начините за да се сузбие руското влијание во Европа, оценил републиканскиот кандидат за претседател на САД, Марко Рубио, пренесува Телевизија Црна Гора.
Во авторски текст насловен „Мојот план за Европа“, Рубио навел дека НАТО мора да се прошири и истакнал дека сојузниците треба да ги надминат препреките за проширувањето пред следниот самит на НАТО.
„Тоа вклучува повик до Црна Гора да ѝ се придружи на Алијансата и потврдување дека политиката на отворени врати и понатаму е на сила, а се однесува на сите НАТО аспиранти, вклучувајќи ги и Црна Гора, па и Украина, доколу таа така одлучи“, напиша Рубио во колумната.
Рубио смета дека задачата е повоена Европа да се поврзе со Америка и да докаже дека во деценискиот судир меѓу Истокот и Западот, НАТО е центарот на сигурност, што најдобро ќе се постигне преку ширењето на тој воен сојуз. Според него, за сузбивањето на преголемото руско влијание во Европа неопходно е и останатите да се вклучат во проширувањето на постоечките санкции кон Русија.
Кандидатот за претседател на САД исто така смета дека неопходно е воено јакнење на источна Европа. Наместо привремено воено присуство на војниците кои се распоредени на НАТО границата, САД треба да соработува со европските држави, со што европската безбедносна иницијатива би добвела до трајна и сигурна одбрана на ова подрачје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.