Регион
САД го осуди „воинственото“ однесување на Шешељ

Соединетите Американски Држави (САД) го осудија во средата „воинственото“ однесување на Воислав Шешељ по ослободување од притвор од Хашкиот суд и ги повикаа властите на сите државите од регионот да спречат провокативна реторика која ги враќа во минатото.
„Однесувањето на Шешељ откако беше пуштен на слобода откри некои болни поделби од минатото… Го осудуваме неговото воинствено однесување кое претставува предизвик за помирување во регионот“, изјавид Дејвид Пресман, американски претставник на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на работењето на Хашкиот суд.
Тој ги повика владите на сите држави во регионот да „сторат се за да се избегне провокативната реторика“ и да се обезбеди целосна соработка со Хашкиот суд.
Претставникот на Русија, Евгениј Загајнов не го коментираше однесувањето на Шешељ, туку оцени дека неносењето на пресудата по 12 години судење претставува „неисполнување на правните стандарди“.
Шешељ, кој е обинет за воени злосторства над несрпско население, пуштен е на слобода од притвор на почетокот на ноември, поради здравтсвени причини. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.