Регион
САД: Нормализацијата на односите значи и членство на Косово во ОН

Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина подразбира и членство на Косово во Обединетите нации (ОН), изјавил американскиот амбасадор во Србија, Мајкл Кирби, пренесуваат српските медиуми.
„Не бараме Србија да ја признае независноста на Косово, туку нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Што таа нормализација на крајот точно ќе значи, останува на Европската унија (ЕУ), но според нас тоа го вклучува и членството на Косово во ОН“, рекол Кирби за Vecernje novosti, oдговарајќи на тоа дали признавањето на независноста на Косово ќе биде главниот услов за членството на Србија во Унијата.
На констатацијата на некои медиумите дека членството на Косово во ОН е неприфатлив услов, Кирби потсетил дека Западна Германија никогаш не ја признала Источна Германија, која пак била членка на ОН.
Запрашан околу тоа дали местото на Приштина во ОН ќе биде дел од правнообврзувачкиот договор кој ЕУ ќе бара да биде потпишан на крајот од процесот на нормализацијата, Кирби одговорил дека САД само помага во процесот кој го води ЕУ, и дека оваа фаза тие не инсистираат на ништо.
„САД го признаа Косово, но тоа е прашање за ЕУ, каде пет држави се уште го немаат направено тоа. Правнообврзувачкиот договор е еден од низата договори кои Белград и Приштина ги потпишуваат. Тоа веќе го направивте и во април 2013-та година, како и во август 2015-та година“, порачал Кирби./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин