Регион
Со зоља гаѓано на косовското собрание

Во четвртокот, околу 23 часот, со ексползивна направа е гаѓано од далечина на косовското собрание.
Полицијата соопшти дека станува збор за напад од далечина со експлозивна направа, а загинати нема.
Косовските медиуми јавуваат дека станува збор за напад со зоља. Истите извори јавија дека нападот е реализиран од страна на засега непознати лица. Напнатата состојба траеше се до утринските часови во петокот.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека напаѓачите се противници на Косово и побара брза и детална истрага на случајот. Косовскиот премиер Иса Мустафа нападот го оцени како атак врз независноста на Косово.
За денеска најавена е вонредна сосдница на Собранието на Косово, а со бројни активнсти околу откривањето на случајот е вклучен и КФОР. Медимите јавија дека полицијата го пронашла изгорениот велосипед кој бил користен од лицата кои гаѓале врз Собранието./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.