Регион
Србија даде условна гаранција за Шешељ
Српската влада е подготвена да гарантира за привременото пуштање на слобода на лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, доколку тој се обврзе да ги почитува барањата на Хашкиот трибунал.
Оваков одговор достави српската влада до Хашкиот трибунал да барањето да се изјасни за можното пуштање на Шешељ од хашкиот притвор.
Шешељ засега се нема изјаснето дали ги прифаќа услвите на триуналот.
Српската влада е загрижена поради новиот развој на настанати во поглед на здравствената состојба на Шешељ, се наведуав во соопштението.
Дел од медиумите јавија дека на Шешељ првин му бил утврден рак на дебелот црево, а потоа и метастаза на црниот дроб и дека итно треба да биде пуштен од притворот поради лекување. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.