Регион
Србија формираше тим за преговори со ЕУ

Владата на Србија формираше преговарачки тим за преговорите со Европската унија и подготвено го очекува отворањето на првите поглавја, потврди во петокот министерката за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ.
Србија на овој начин ѝ испраќа порака на Европската унија дека ги исполнила сите обврски како кандидат за членство во ЕУ и дека подготвено ќе го очекува отворањето на првите поглавја до крајот на годинава, изјави за Радио-телевизија Србија, министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, и најави дека наскоро преговарачкиот тим на јавноста ќе ѝ го претстави премиерот Александар Вучиќ.
Преговарачкиот тим на Белград го сочинуваат 24 членови кои доаѓаат од државната администрација, академската заедници и цивилниот сектор. Србија очекува од Советот на министрите на ЕУ во септември да даде препорака за отворање на првите поглавја во процесот на евроинтеграциите.
„Се надеваме дека Советот на министри на ЕУ на заседанието во септември ќе усвои препорака за отворање на првите поглавја во процесот на европските интеграции“, изјави претходно во интервју за Данас министерката Јоксимовиќ. Додаде дека тоа би било предуслов до крајот на годинава да се одржи Меѓувладината конференција на којашто би можеле да бидат отворени првите поглавја.
Јоксимовќ појасни дека на Србија уште ѝ претстои обврската да го разработи планот за имигрантите, согласно оперативниот план за поглавјето 24 за прашањата на слободите и човековите права, но не сакаше да прогнозира кои поглавја први би можело да бидат отворени.
„Дали тоа ќе бидат поглавјата 35 и 32 или 23 и 24, многу зависи од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина. За мене најважно е дека сé што требаше да се стори од наша страна е направено“, изјави српската министерка за евроинтеграции.
Србија официјално го поднесе барањето за членство во Европската унија на 22-ри декември 2009 година, а статусот земја кандидат го стекна на 1-ви март 2012 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.