Регион
Србите од северот на Косово нема да се иселуваат

Градоначалникот на северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ во средата изјавил дека нема да има иселување на Србите од северот на Косово, и дека нема причина за такво нешто, пренесува Бета.
„Одговорно тврдам дека во моментов нема иселување, нема ни причини за такво нешто бидејќи населението со право верува на искрениот, отворен и посветен пристап на државното раководство во прашањето за Косово, за разлика од времето кога за судбината на нашиот народ одлучуваа Горан Богдановиќ и владата на тогашната Демократска партија“, изјавил Ракиќ.
Богдановиќ, поранешен министер за Косово и Метохија во владата на Демократската партија, неодамна за српските медиуми изјавил дека Белград „не е искрен по прашањето за Косово“, и дека „започнало иселување на Србите од северот на Косово“.
Градоначалникот на северна Косовска Митровица, коментирајќи ја изјавата на Богдановиќ, оценил дека „криењето на вистината и омаловажувањето на српското население на Косово и воопшто во Србија, го карактеризирало периодот кога Богдановиќ бил министер за Косово и кога неговиот партиски колега Борислав Стефановиќ водел тајни преговори во Брисел“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.