Регион
Столтенберг во Тирана: Ниту една држава не е недопирлива од тероризмот

Ниту една држава во светот не е недопирлива од тероризмот, изјави во четврток генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на посетата на Тирана, при тоа наведувајќи ги минатомесечните терористички напади во Париз како пример за ова.
„Опасноста од тероризмот постои, и затоа потребна е соработка на сите држави за да се гарантира безбедноста“, порача генсекот на НАТО. На средбата со албанските новинари секретарот на НАТО рече дека посетата на Тирана нема врска со тоа што Албанија е класифицирана меѓу земјите кои се во опасност од тероризам, туку дека таа е поврзана со придонесот на Албанија во борбата против ИСИС.
„НАТО особено внимание посветува и на безбедноста на државите во балканскиот регион“, додал Столтенберг.
Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека Албанија ги има преземено сите потребни мерки за заштита од тероризам и дека ќе продолжи да дава силна поддршка во НАТО при севкупните активности во борбата против тероризмот./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.