Регион
СЗО: Потребна е нова реформа на словенечкиот здравствен систем

Словенечкиот здравствен систем е далеку од колапс и распад, но бара коренити промени, рече во петок словенечката министерка за здравство Милојка Колар, коментирајќи го најновиот извештај на Светската здравствена организација(СЗО) за здравствените системи во транзициските земји.
Во извештајот се наведува дека Словенија уште во 90-сеттите години започнала со реформи во здравствениот систем, дополнително здравствено осигурување, воведување на приватна пракса и некои други мерки и го задржала релативно високото ниво на здравствени услуги, но дека како и другите земји, се соочува со предизвиците од зголемените трошоци на лекување на хроничните болести и згрижување на сè постарото население, заради што растат и здравствените трошоци.СЗО и предлага на Словенија понатамошна дисперзија на изворите на финансирање на јавното здравство, оптимизација на услугите и рационализација при набавката на лековите и медицинската опрема. /крај/мф/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.