Регион
Товарниот брод кај Крф не е во опасност

Грчките власти во вторникот попладне соопштија дека товарниот брод кој упати сигнал за помош во близината на островот Крф може да го продолжи патувањето, откако било утврдено дека на бродот нема никакви потешкотии.
Фрегата, хеликоптер на грчката воена морнарица и два патролни брода на капетанијата беа испратени да му пружат помош на товарниот брод Blue Sky M кој плови под молдавско знаме. На крајот се покажало дека на бродот „нема никакви технички проблеми и нема ништо сомнително“.
Според првичните информации, бродот превезувал стотина имигранти без исправи, но инспекцијата не ги потврдила овие информации.
Грчките медиуми претходно објавија дека на бродот кој пловел во близината на Крф имало околу 400 илегални имигранти.
Силен ветер дувал во овој регион, наведува капетанијата.
Во истото подрачје пред два дена се запали траект со близу 500 лица, при што десет лица ги загубија животите.
Крајната дестинација на Blue Sky M наводно е пристаништето во Риека. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ најави летачки автомобили во Србија: „Доаѓаат следната година“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пофали воената моќ на Кина во Пекинг, најави средба со Шји Џинпинг и воена парада во Белград на 20 септември, а исто така коментираше и за односите со другите земји и критиките од опозицијата во Србија, пишува Blic.rs.
Вучиќ рече дека воената парада во Кина покажа „стратешка компаративна предност во однос на другите земји, па затоа многумина беа изненадени од она што го видоа“. Тој особено нагласи дека сите беа изненадени од „системите DH-5, стратешките нуклеарни ракети“, додаде Вучиќ.
Тој исто така рече дека разговарал со претставници на 11 кинески компании и најави дека „тестирањето на летачки автомобили ќе започне во Србија следната година“.
Регион
Зошто само Вучиќ и Фицо дојдоа од Европа на историската парада на Шји во Кина?

Речиси сите европски лидери одлучија да ја бојкотираат кинеската воена парада по повод Денот на победата во Пекинг, со исклучок само на двајца лидери, чие присуство предизвика многубројни контроверзии, пишува Би-би-си.
Тоа се словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои со тоа повторно се најдоа во центарот на вниманието. И двајцата присуствуваа на руската парада за Денот на победата во Москва во мај и исто како и тогаш, и сега во Пекинг се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.
Иако двајцата пристигнаа во Пекинг, нивните мотиви се разликуваат. Србија, иако е кандидат за членство во ЕУ, има блиски економски односи со Кина и се обидува да одржи неутрален став кон Русија и покрај осудите на војната во Украина.
Од друга страна, позицијата на Роберт Фицо е многу посложена. Неговата Словачка е членка и на ЕУ и на НАТО, но Фицо отворено повикува на нормализација на односите со Русија.
Додека Брисел планира да го прекине увозот на руска нафта и гас до крајот на 2027 година, словачкиот премиер сака да го зголеми снабдувањето на својата земја со руски енергетски производи и покрај напорите на Украина да го прекине гасоводот.
Остра порака од Брисел
Додека Путин го фали Фицо за неговата „независна надворешна политика“, европските сојузници го гледаат тоа сосема поинаку.
На прашањето дали словачкиот премиер ја претставува Европската Унија во Пекинг, портпаролката на Европската комисија даде краток и јасен одговор – „не“. Таа нагласи дека Кина е клучен поддржувач на Русија во војната против Украина.
Политичките противници на Фицо во Словачка го обвинуваат дека служи на руската пропаганда и дека ги предал интересите на сопствената земја. Самиот Фицо го оправдува своето доаѓање со тоа што наведува дека е во Пекинг „додека се формира новиот светски поредок“.
По разговорот со Путин, тој рече дека дошол до неколку заклучоци и дека има сериозна порака за украинскиот претседател Зеленски, со кого треба да се сретне в петок.
Фото: ЕПА
Регион
Вучиќ на воената парада во Кина: „Благодарен за искреното пријателство кон нашата Србија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес објави дека Кина отсекогаш била покрај Србија, особено во тешките моменти.
„Благодарен на претседателот Шји и на кинескиот народ за нивното искрено пријателство кон нашата Србија. Кина отсекогаш била покрај Србија, особено во тешките моменти. Србија и српскиот народ никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.