Регион
Три жртви во поплавите во Албанија

Три лица го загубија животот во поплави во Албанија, а неколку куќи се поплавени на северот и околу Тирана.
Меѓу жртвите се 63-годишен маж и неговата 23-годишна ќерка кои го изгубиле животот кога воден бран го однел нивниот автомобил од планинскиот пат. Нивните тела биле пронајдени утрово, во канал на околу два километра од местото на несреќата се наведува во соопштението од полицијата.Третата жртва е 23-годишно момче кое починало синоќа во истата област, на околу 45 километри северно од Тирана кога се срушил мост додека го минувал со мотор.Албанскиот министер за земјоделство, Едмонд Панарити синоќа изјави дека ситуацијата е под контрола и дека работат на тоа пумпните станици да функционираат со полн капацитет со овозможување на циркулација на водата.Некои куќи на северот на земјата и околу Тирана се поплавени и во извештаите на полицијата се наведува дека се отворени и некои свлечишта, па спасувачките екипи се пратени на терен. „Поплавувањето на подстаниците исто така предизвикало проблем со струјата, бидејќи црпните станици работа и сè додека немаат напојување, не можат да работат. Сепак интервениравме со носење на струја во црпните станици. Моментално водите се под контрола, но новите врнежи повторно ќе го зголемат нивото на реките“, изави министерот за земјоделство. /крај/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.