Регион
Црна Гора: Ѓукановиќ бил на мета на двајца Руси кои биле во Србија

Организатори на обидот за терористички напади во Црна Гора, на денот на парламентарните избори на 16-ти октомври, биле и двајца националисти од Русија, соопштило црногорското Специјално обвинителство, пренесува Танјуг.
Целта на акцијата било рушење на актуелната власт и ликвидација на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, соопштил на вонредна конференција во понеделникот главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ, истакнувајќи дека информации околу тоа дека во акцијата биле вклучени и државите Србија и Русија, со кои црногорските власти соработуваат за решавање на овој случај.
Од страна на црногорското Специјално обвинителство било презентирано и триминутно видео за кое рекле дека е добиено од страна на безбедносните служби на Србија, а во кое е прикажан запленетениот материјал од уапсените лица. Катниќ рекол дека нивната цел била ликвидација на Ѓукановиќ, за насилно рушење на власта и оневозможување Црна Гора да стане дела од НАТО. Терористичката група ја сочинувале државјани на Русија, Србија и Црна Гора, рекол главниот специјален обвинител.
„Планот бил по изборите во 23 часот криминалците да се инфилтрираат во граѓаните и откако политичарите ќе излезат на бината, сите да влезат во Собранието и да се задржат најмалку 48 часа. Биле ангажирани и снајперисти кои би го ликвидирале Мило Ѓукановиќ“, навел Катниќ. Тој додал дека во обидот за тероризам била вклучена и политичка структура од Црна Гора. За осомничените руски државјани, пак, тој рекол дека не знае каде тие се наоѓаат во моментов.
„Специјалното обвинителство на Србија ги имаше овие лица под свој надзор. Тие веќе не се наоѓаат на територијата на Србија. БИА ги контролираше, но тоа не може да се искористи како доказ, нити тие можат да се лишат од слобода. Дали се наоѓаат во Русија или на некое друго место, не знам“, рекол Катниќ.
Во видеото добиено од српските безбедносни служби, пак, бил покажан арсенал на жилети, жици, војнички униформи, палки, мотороли за комуникацијаа, лисици, прачки, спрејови и дронови. Катниќ додал дека двете лица од Русија биле контактирани од страна на едно лице кое во случајов е обвинето за организација на криминално дела и дека му дале пари на територијата на Србија да организира криминална група од 500 членови. Тој додал дека во овој момент немаат докази дека позади овој план стојат државите Србија и Русија.
„Нема докази дека државата Русија е вмешана во ова и ќе ја продолжиме соработката со руските колеги. Се докажа дека лицата се националисти и дека нивната цел била сопирањето на Црна Гора на патот кон европските интеграции“, прецизирал Катниќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Аналитичарот Спахиу: Многу Албанци не веруваат дека Косово ќе постои како држава

Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу рече дека Србите не можат така лесно да го прифатат државјанството на Косово бидејќи, според него, голем дел од албанската заедница не верува дека таа „држава ќе постои за неколку години“, пренесува Клан Косова.
„Мислам дека не е проблем што голем дел од српското малцинство не ја признава државата Косово, туку проблемот лежи во албанската заедница, поради што е создадена државата Косово и која на Косово гледа со скептицизам“, оценува Спахиу.
Политичкиот аналитичар отиде чекор понатаму за да го опише својот песимизам.
„Имам неколку десетици облози со мои блиски луѓе дека по три, десет или 20 години нема да постои држава Косово, што значи дека луѓето не веруваат во држава Косово. Како ќе го убедиме српското малцинство, кое не може така лесно да ја прифати новата реалност, не може така лесно да ја прифати државата Косово, кога голем дел од Албанците не веруваат дека државата Косово ќе постои“, изјави Спахиу за магазинот Инфо.
Регион
Авион на Ер Србија принудно слетал во Црна Гора

Авионот на компанијата Ер Србија, Ербас 319, кој летал на релација Тиват – Белград, во вторникот околу 15 часот и 45 минути морал принудно да слета поради дефект на моторот, јавува Нова.рс.
– Тоа беше нешто како удар на гром. Авионот губел и менувал напојување, а една патничка видела искри под нејзините нозе и испуштање гориво од резервоарот во морето. Околу половина час кружевме над Бока Которска, а луѓето на копно забележаа дека од авионот излегува голема количина чад. Меѓу патниците имало и луѓе со мали деца кои почнале да плачат – вели патникот.
Тој додава дека во првите десет минути од летот екипажот не дал никакво објаснување, што уште повеќе ги загрижило патниците.
– Тогаш не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват. Следеше стандардната процедура во таква ситуација, а тоа дополнително ги исплаши патниците, особено странците – додава патникот.
– Механичарите го прегледуваат авионот, а патниците чекаат нови информации за летот. Некои поради страв се откажале од денешниот лет и им помогнала аеродромската служба – изјавила патничката,пренесе 24часа.хр.
Регион
Хрват пронашол вреќа со бомби додека чистел бунар

Момче од Хрватска пријавило во полиција дека додека чистел бунар во Мали Гревац извадил торба во која имало бомби.
На местото на настанот излегол полициски службеник за антиексплозивна заштита. Испитувајќи ја вреќата и извадената кал од бунарот, открил:
8 струјни мини за тромбон,
13 бомби М-75,
6 бомби М-52,
100 грама експлозив ТНТ,
24 парчиња артилериска муниција калибар 20 мм,
3 патрони за автоматска пушка и
10 парчиња муниција од различен калибар
Сето горенаведено е безбедно отстрането и складирано во магацинот за смртоносна опрема до уништување, соопшти полицијата, пренесе хрватски Индекс.