Регион
Црногорското обвинителство бара од Русија сослушување на двајцата осомничени за тероризам
Црногорското Специјалното обвинителство за организиран криминал ќе побарата меѓународна правна помош околу истражните податоци на надлежните тела во Русија, како и сослушување на двајцата руски државјани за кои постојат основани сомненија дека се организатори на планираните терористички напади во изборната ноќ на 16-ти октомври, пренесува Hina.
Според црногорските медиуми, со самото тоа што Специјалното обвинителство, но и министерството за правосудство ќе посегнат по меѓународна правна помош укажува на тоа дека црногорските истражни органи го знаат идентитетот на руските државјани и распологаат со докази за нивното учество во плановите за 16-ти октомври на територијата на Црна Гора, кога требаше да биде изведен напад над црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и окупирање на парламентот во соработка со опозицијата, во случај на изборна победа на партијата на Ѓукановиќ.
Специјалното обвинителство наскоро ќе побара и испорачување на повеќе српски државјани, во соработка со српските институции и служби, бидејќи има повеќе важни докази за проширување на истрагата на некои лица од Србија кои биле вплеткани во организацијата и спроведувањето на терористичките планови во Црна Гора. Двете земји имаат билатерален договор со кој се овозможува испорачување на домицилни државјани.
Како што пренесува подгоричкиот весник Побједа, српскиот државјанин Братислав Дикиќ, кој Специјалното обвинителство го обвинува за главен организатор на планираните напади и го товари за обид за тероризам, во понеделникот вечерта, по сослушувањето во Обвинителството, бил префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора поради влошена здравствена состојба, а подоцна бил пренесен во една локална болница. Според проценките на затворските лекари, на Дикиќ му е неопходен 24-часовен лекарски надзор. Според дневникот Дан, близок до црногорската опозиција, се шпекулира дека Дикиќ пред сослушувањето се обидел да се самоубие.
Дикиќ беше уапсен на денот на изборите во Црна Гора, на 16-ти октомври вечерта, во акцијата во која бае приведени дваесетина српски државјани под сомневање за планирање на терористички напади. Шестнаесет од нив беа задржани во притвор, додека четворица, пак, беа пуштени да се бранат од слобода./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

