Регион
Турција бара да ѝ бидат предадени 32 дипломати во бегство по пучот

Турција бара екстрадирање на 32 дипломати кои побегнале откако Анкара ги отповика во рамките на истрагата за неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули, објави во петокот министерството за надворешни работи.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес-конференцијата одржана во Анкара заедно со иранскиот колега, изјави дека поради истрагата поврзана со воениот удар се отповикани 208 турски дипломати, но дека 32 од нив пребегнале во други земји.
„Во контакт сме со претставниците на земјите во кои дипломатите побегна и работиме на нивното предавање на Турција“, рече Чавушоглу. Прецизираше дека во бегство се три воени аташеа, двајца побегнале од Грција во Италија, а еден во Босна и Херцеговина.
Во Турција по неуспешниот пуч се уапсени, приведени и ослободени од притвор десетици илјади луѓе. Меѓу нив има цивил, судии, професори и воен персонал. Сите се приведени поради сомневања и обвинувања дека се дел од мрежата следбеници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во САД, кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот обид за државен удар.
Ваквите чистки предизвикуваат загриженоста кај западните сојузници поради наводната стабилност на Турција, којашто е важна членка на НАТО и стратешки партнер за летовите и нападите врз Исламската држава во соседните Ирак и Сирија. Меѓутоа, Анкара е гневна поради изостанувањето на поддршката за владата по обидот за пуч и ги обвинува своите сојузници дека се повеќе загрижени за судбината на почистите отколку за стабилноста на земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и извлечат телото на девојка од Србија, пренесоа српските медиуми.
Девојка од Врњачка Бања се удави денес околу 15 часот, во близина на ’ртот Весло кај Луштица, додека се фотографирала со пријателка на една од карпите и паднала во водата, објавија црногорски „Вијести“.
Додека се фотографирала, се верува дека морето се разбранувало, а брановите ја повлекле девојката.
Полицијата и нуркачките екипи го забележале безживотното тело на девојката како плови во еден момент, но лошото време и брановите ги спречиле да се приближат.
Затоа, операцијата за извлекување ќе продолжи наутро.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Албанија постави бот со вештачка интелигенција за министер

Новата министерка на Албанија задолжена за јавни тендери нема да биде поткупувана, нема да можат да и се закануваат или да биде наговарана. Тоа е затоа што Диела, како што ја нарекуваат, е бот генериран од вештачка интелигенција.
Премиерот Еди Рама, кој го започнува својот четврти мандат, во четврток изјави дека Диела, што на албански значи Сонце, ќе ги управува и ќе ги доделува сите јавни тендери на кои владата ангажира приватни компании за разни проекти.
„Диела е првиот член на кабинетот кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден од вештачка интелигенција“, рече Рама, претставувајќи го својот нов кабинет.
Таа ќе ја претвори Албанија во „земја каде што јавните тендери се 100 проценти ослободени од корупција“.
Јавните тендери долго време се извор на корупција во земјата, за која експертите велат дека е седиште на банди кои сакаат да перат пари од шверц со дрога и оружје низ целиот свет, и каде што корупцијата се вовлекла во коридорите на моќта. Таквата слика го отежна пристапувањето на Албанија кон ЕУ, што Рама сака да го постигне до 2030 година. Политичките аналитичари го сметаат ова за амбициозно.
Владата не објасни дали Диела ќе биде следена од луѓе или како ќе се елиминира ризикот од можна манипулација. Диела беше претставена претходно оваа година како виртуелен асистент со вештачка интелигенција на платформата e-Albania за добивање државни документи.
Многумина не ѝ веруваат. „Дури и Диела ќе биде корумпирана во Албанија“, коментираше еден корисник на Фејсбук. „Кражбите ќе продолжат, а Диела ќе биде виновна“, додаде друг. Новиот парламент, избран во мај, треба да започне со работа во петок.
Регион
(Видео) Соња (57) и Марко (69) станаа родители, коментарите за нивната возраст не ги загрижуваат оти си го живеат сонот

Екипа на „Проверено“ во Црна Гора ги посети Соња (57) и Марко Миротиќ (69) и нивното пет и полмесечно девојче со симболично име Богдана.
Родителите достигнаа значителна возраст, што предизвика многубројни реакции во целиот регион, но не се грижат за тоа. Соња и Марко стојат зад осум спонтани абортуси, две процедури за инсеминација, години борба со неплодност, неуспеси, разочарувања.
„Ние сме исполнети како родители, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема да плачам. Цел живот сонував за ова“, открила гордата мајка за „Проверено“. Кога влегла во менопауза на 50 години, мислела дека тоа е крајот на нејзините соништа.
Сепак, тие успеале да си го остварат својот сон благодарение на 24-годишен донор на јајце-клетки на приватна клиника во Македонија. За донорот во видеото велат го знаат само основниот податок, дека не е од Црна Гора.
Со оглед на тоа што Соња закрепнува, Марко го презел поголемиот дел од грижата за малото девојче. Често му велат дека „Богдана изгледа исто како дедо му“. „Потоа им велам – јас не сум нејзин дедо, јас сум нејзин татко. Па се засрамуваат“, се шегува Марко.
Тие имаат уште две замрзнати јајце-клетки, но не планираат да имаат друго дете, иако би сакале.
„Доволно сме возрасни, би било убаво, но не сум сигурна дека би можела да издржам“, искрено рекла Соња.