Регион
Турција го критикува Папата за „крстоносниот дух“ нарекувајќи го масакрот на Ерменците геноцид
Турскиот вицепремиер изјави во саботата дека е „неумесно“ што поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, го нарекол геноцид масакрот над Ерменците од 1915 година кои го извршило Османлиското царство, бидејќи тоа го одразува „крстоносниот дух“ на папството.
Отстапувајќи од подготвениот текст во текот на ерменската престолнина Ереван во петокот папата Франциск го употреби терминот „геноцид“ за да го опише масовното убивање во текот на Првата светска војна, една година откако ја разгневи Турција со слична изјава.
„Изјавата на папата е многу неумесна. Можно е, за жал, да се видат сите одрази и траги од крстоносниот дух во акцијата на папството и на папата“, изјави вицепремиерот Нуретин Чаникли за новинарите во црноморскиот град Гиресун.
Турција прифаќа дека многу христијански Ерменци кои живееле во Османлиското царство се убиени во судирите со османските сили во Првата светска војна,но ги оспорува тврдењата дека се убиени 1,5 милиони луѓе и протерани многу други, и негира дека убивањата биле организирани во кој случај би претставувало геноцид. Исто така, тврди дека и многу муслимански Турци биле убиени во тој период.
„Тоа не е објективна изјава и не ја одразува вистината …. и целиот свет тоа го знае, а го знаат тоа и Ерменците“, вели Чаникли во изјавата која ја пренесува весникот Hurriyet.
Досега дваесетина земји овие настани ги осудија како геноцид. Прв тоа го стори Уругвај во 1965 година, а потоа неговиот пример го следеа Кипар, Русија, Канада, Либан, Белгија, Франција, Грција, Италија и други земји, како и Европскиот парламент, Советот на Европа, Светскиот совет на црквите итн.
Германскиот парламент на 2-ри јуни со големо мнозинство ја усвоите резолуцијата во која се признава Ерменскиот геноцид. Турција реагираше со индигнација на оваа одлука и веднаш го повлече својот амбасадор во Берлин, додека претседателот Ердоган порача дека одлуката на Бундестагот сериозни ќе влијае врз турско-германските односи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.

