Регион
Турција ќе прави сопствен патнички авион

Турција планира до 2013 година да развие и пушти во употреба домашен патнички авион, кој може да превезува 60 до 70 патници, а би се користел во домашен и регионален сообраќај за дестинации до 4.000 километри, пренесе агенцијата Тасс.
Властите имаат намера максимално да ги искористат домашните ресурси за разој на производство на авиони. Извршниот комитет за одбранбена индустрија на Турција неопходното искуство планира да го добие од американската компанија Sierra Nevada Corporation, со која заклучи рамковен договор.
Договорите се однесуваат на развој на два модели на мотори за идниот авион. Сите технички карактеристики на новиот авион ќе се решаваат тековно при реализацијата на проектот.
Покрај верзијата за патнички авион, во план е и развој на медицинска, полициска и воена варијанта. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.