Регион
Турција уапсила 45 нови борци на IS на пат кон Сирија
Турските безбедносни служби уапсиле последните три дена во градот Газиантеп во југоисточниот дел од земјата 45 странци кои имале намера да ѝ се придружат на џихадистичката организација Исламска држава во Сирија.
Како што објави во неделата приватната новинска агенција Dogan, оваа операција најверојатно значи дека Турција ја интензивирала борбата против Исламската држава, по големата операција којашто беше спроведена во петокот во четири градови, вклучително и мегалополисот Истанбул, во која беа уапсени 21 припадник на оваа радикална исламистичка сунитска организација, од кои тројца беа странци.
Газиантеп е местото на кои новите борци на Исламската држава преминуваат на територијата на Сирија. Во градот пристигнуваат со автобуси на меѓуградските линии, а потоа илегално ја минуваат границата. Агенцијата вели дека на меѓуградската автобуска станица само во неделата биле уапсени 25 странци, главно државјани на Таџикистан. Многу од нив во Турција допатувале со жените и децата.
Турските медиуми последните две седмици пишуваат дека владата во Анкара планира воена операција на територијата на Сирија, за наводно да ги потисне џихадистите подалеку од турската граница. Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека таа акција има и цел да се нанесат удари врз силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој ја обвинува Турција дека со своите тајни служби и со оружје го покренала бунтот на сунитите во март 2011 година, кој потоа се претвори во меѓуконфесионален судир. Но најмногу на Анкара ѝ пречи напредувањето на сириските Курди кои веќе контролираат голем дел од турско-сириската 900 километри долга граница.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, меѓутоа, минатата седмица изјави дека неговата земја, иако ги зајакнала безбедносните мерки по должината на границата со Сирија, вклучително и со тенковски и артилериски единици, не планира наскоро воена операција на територијата на соседната држава.
Мерките против џихадистите во Турција се засилени откако Анкара оваа седмица ја посети делегација на високи американски функционери, потсетува Reuters. Двете страни се договорија да ја зајакнат меѓусебната соработка во борбата против Исламската држава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

