Регион
Турција уапсила 8 осомничени џихадисти на пат за Германија

Турските власти уапсија во средата осум мажи за коишто се сомневаат дека се припадници на екстремната сунитска организација Исламска држава, а кои планирале илегално да патуваа во Германија.
Осумте мажи, сите наводно државјани на Мароко, пристигнале во Истанбул од Казабланка, претставувајќи се како туристи. Уапсени се на главниот истанбулски меѓународен аеродром „Ататурк“, откако полицијата открила дека дале лажни информации за резервираното хотелско сместување.
Од запленетата документација било видливо дека планирале да изнајмат чамец во Измир и со него да допловат до Грција, а потоа од Атина и балканската рута до Виена, со крајна дестинација Германија.
Турција е една од главните транзитни точки за бегалците и имигрантите кои се обидуваат да влезат во Европската унија. Мароко, пак, оваа седмица уапси четири лица за кои смета дека припаѓаат на една од многуте ќелии на Исламската држава кои регрутираат џихадисти во оваа африканска земја./крај/мф/сн
Извор: Anadolu
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.