Регион
Турска подморница изнурка пред брод на крајбражната стража на Грција
Подморница под знаме на турската воена морнарица изнурка во понеделникот во непосредна близина на пловило на крајбрежната стража на Грција, чиј екипаж имал конфликт со турски рибари.
Турските рибари ловеле во близина на островите Чатал и Акијарпар во водите на Егејското Море, во близина на брегот крај градот Бодрум. Според агенцијата Dogan, рибарите својот улов го барале во територијалните води на Турција.Допловувајќи од грчкиот остров Кос, бродот на крајбрежната стража на Грција се приближил до турските рибари на 50-ина метри и барал од нив да се повлечат кон брегот, меѓутоа рибарите продолжиле со ловот. По два часа во непосредна близина на грчкиот брод се појавила турската подморница, а на нејзината палуба излегол офицер. По кусата тензична ситуација и препирка меѓу капетаните на двата брода, грчкиот брод земал курс кон островот Кос, а турската подморница нурнала.Конфликтите меѓу рибарите и крајбрежните стражи на Турција и на Грција зачестија во последно време во атмосфера на влошување на турско-грчките односи поради подводните истражувања на наоѓалишта на нафта и гас од шкрилци. Во почетокот на октомври Анкара објави дека по барање на непризнаената Република Северен Кипар, која го претставува турското население на поделениот медитерански остров, започнала со сеизмички истражувања во областа каде што веќе подводни дупчења вршат италијанска и јужнокорејска компанија по барање на Република Кипар, која ги претставува грчките жители и е членка на Европската унија. Турција често испраќа до брегот на Кипар истражувачки и воени бродови. Атина и Никозија ја обвинуваат затоа Анкара за кршење на сувереното право на островската земја на експлоатација на шкрилците во нејзиното подморје./крај/мф/сн
Извор: Dogan
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

