Регион
Турски авион на лет од Тексас пренасочен кон Ирска поради безбедносна закана

Авион на турската воздухопловна компанија „Turkish Airlines“ на летот од Хјустон за Истанбул пренасочен е во неделата кон аеродромот „Шанон“ во Ирска поради безбедносни проблеми и сигурно слетал, изјави портпаролот на аеродромот.
На парче хартија, пронајдено во тоалетот од леталото, било напишано „бомба“, потврдил портпарол на компанијата „Turkish Airlines“.
Авионот од типот „Boeing 777“ слетал без инциденти и сите 209 патници и членови на екипажот безбедно се симнати. „Овој инцидент сега е предмет на истрага на ирската полиција“, додал портпаролот.
Авионот по слетувањето е прегледан и во него не се најдени никакви експлозивни средства, па го продолжи летот кон Истанбул./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.