Регион
Турскиот премиер не ја исклучува можноста Русија да ја користи базата Инџирлик
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Русија досега не побарала да ја користи воздухопловната база Инџирлик во јужниот дел на земјата, но доколку тоа е неопходно оваа база може да биде користена од руските авиони за дејствување во соседната Сирија, пренесува агенцијата Anadolu.
Во одговорот на прашањето на еден од новинарите, во контекстот на користењето на руските стратешки бомбардери на иранската воздухопловна база Хамадан за дејствување врз позициите на милитантите во Сирија, турскиот премиер Бинали Јилдирим одговори дека Москва не побарала досега да ја користи воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција. „Таа информација не е веродостојна, но, сепак, доколку е потребно, базата Инџирлик може да биде користена“ од руските авиони, одговорил Јилдирим.
Истакнал дека смета оти не е потребно користењето на базата Инџирлик од страна на руските воздухопловни сили за нападите врз терористичките групи во Сирија.
„Турција ја отвори базата Инџирлик за борба против терористите од Исламската држава. Неа ја користат САД и Катар. Другите земји може да изразат желба да ја користат воздухопловната база, од каде што сега дејствуваат, исто така, и Германците. Што се однесува до Русија, такво барање нема. Сметам дека и нема потреба за тоа. Бидејќи имаат две бази во Сирија. Разликата во растојанието е помала од 100 до 150 километри. Оттаму, таквите извештаи не се веродостојни“, појаснил Јилдирим.
Стратешки важната воздухопловна база Инџирлик во моментов ја користат воздухопловните сили на Турција и на САД, според Договорот за воена и економска соработка меѓу двете земји, кој беше постигнат по доли и тешки преговори меѓу Анкара и Вашингтон, во прв ред поради американската поддршка за сириските Курди, кои Турција ги смета за блиски на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) против која турските од минатата година безбедносни сили водат големи операции во југоисточна Турција.
Во базата се стационирани авиони од голем број земји од меѓународната коалиција предводена од САД кои учествуваат во воздушните операции против Исламската држава во Ирак и во Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.
Регион
Орбан врши притисок, ЈАНАФ возвраќа: Снабдување има, но само според санкциите на ЕУ и САД
Откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го заостри притисокот врз Хрватска поради транспортот на руска нафта кон Унгарија, Европската комисија порача дека за спроведувањето на санкциите се одговорни земјите членки. Набргу потоа се огласи и Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој ги отфрли ултиматумите и порача дека работи во согласност со правилата на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
МОЛ вчера побара од ЈАНАФ гаранција дека ќе овозможи транспорт на руска сурова нафта што не е под санкции и која во Унгарија пристигнува по морски пат, со предупредување дека во спротивно ќе бара правна и финансиска одговорност. Европската комисија денеска соопшти дека спроведувањето на санкциите е во надлежност на земјите членки, пишува „Индекс.хр“.
ЈАНАФ: Одлуките не се носат под притисок
Реагирајќи на ултиматумот, од ЈАНАФ порачаа дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат „пристојно, аргументирано и врз основа на факти“.
„Во врска со ултиматумите упатени до ЈАНАФ, сметаме дека е важно да се соопшти дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат пристојно, аргументирано и врз основа на факти“, наведуваат тие.
Истакнуваат дека ЈАНАФ работи одговорно и целосно во согласност со важечките санкциски режими на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
„Безбедноста на снабдувањето на Унгарија и Словачка не е загрозена. Рутата преку ЈАНАФ постои, веќе се користи и има доволни капацитети да ги покрие нивните потреби за нафта. Тоа го потврдува и самата Унгарија, која денес бара целосен транспорт преку ЈАНАФ, иако неодамна неосновано тврдеше дека таков капацитет не постои“, соопштуваат од компанијата.
Додаваат дека минатата и оваа недела за унгарскиот МОЛ веќе се транспортирани значителни количини нафта што не се опфатени со санкциски ограничувања, како и дека до почетокот на април се очекуваат уште седум танкери за истиот корисник на нафтоводниот систем на ЈАНАФ.
Снабдување можно, но со строга примена на санкциите
„Хрватската енергетска инфраструктура е подготвена, сигурна и достапна за снабдување што е усогласено со правилата на ЕУ и OFAC“, наведуваат од ЈАНАФ.
Како пример ја наведуваат снабдувањето на српската компанија НИС, каде партнерите, како што посочуваат, заеднички ги исполнуваат строгите санкциски критериуми за да обезбедат потребни продолжувања и континуитет на снабдувањето во рамки на важечките правила.
Во тој контекст очекуваат одлуките за набавка и транспорт кон Унгарија и Словачка да се носат врз основа на законитост и усогласеност со санкциите, а не под притисоци или ултиматуми.
„Доколку постојат барања што се однесуваат на нафта од руско потекло или на субјекти поврзани со Русија, тие можат да се разгледуваат исклучиво во строгата рамка на санкциските критериуми на ЕУ и OFAC, со целосна правна проверка, јасна одговорност и максимална транспарентност“, наведуваат.
Во заклучокот истакнуваат дека Хрватска не одбива снабдување ниту ја политизира енергијата. „Хрватска и ЈАНАФ овозможуваат снабдување во согласност со прописите, доследно применувајќи ги санкциите на ЕУ и САД“, наведуваат тие.
Комисијата: Земјите членки одлучуваат за спроведувањето на санкциите
Портпаролката на Европската комисија, Ана-Каиса Итконен, претходно изјави дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки. „Основното начело е дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали Хрватска може да испорачува руска нафта преку ЈАНАФ.
Европската унија во јуни 2022 година, во рамки на шестиот пакет санкции, го забрани увозот на руска нафта по морски пат. Унгарија, Словачка и Чешка добија привремено изземање како земји без излез на море, во случај испораката преку нафтовод да не е можна.
Нафтоводот „Дружба“ беше оштетен кон крајот на јануари во руски напад со дронови, по што дотокот на нафта беше прекинат, а спорот околу алтернативните рути дополнително се заостри.
Регион
Воспитувачки во градинка во БиХ психички малтретирале петгодишно дете, му ставале пелена преку алиштата за да му се смеат
Две воспитувачки од предучилишната установа „Бамбини“ во Хаџиќи, кои биле уапсени вчера под сомнение за злоупотреба на деца, ќе бидат ослободени. Окружното обвинителство во Сараево му предложи на Општинскиот суд да им изрече мерки на забрана наместо притвор. Апсењата се случија околу петнаесет дена откако медиумите објавија детали за случај во кој родителите тврдат дека наставничките го понижувале и малтретирале нивниот син.
Воспитувачките А. Х. (25) и А. Х. (27) се осомничени за кривични дела психолошко насилство, занемарување или злоупотреба на дете и предизвикување полесни телесни повреди како соизвршители. Според родителите, наставниците ставале пелена преку облеката на момчето и ги охрабрувале другите деца да му се потсмеваат. Тие се осомничени и дека го повредиле додека се обидувале насилно да го стават во столче за хранење кое било премало за него.
По сослушувањето од страна на полицијата и обвинителството, побарани се мерки за забрана за осомничените, кои вклучуваат забрана за вршење работа поврзана со одгледување и грижа за деца, забрана за посета на установата „Бамбини“ и забрана за контакт со вработените.
Како дел од истрагата, директорот на градинката е уапсен и под сомнение за сторени кривични дела непријавување кривично дело или сторител, давање лажно сведочење и занемарување или злоупотреба на дете. Сепак, по кривичната обработка и сослушувањето, тој е ослободен по наредба на обвинителот.

