Регион
Убиство во центарот на Шабац

Познат криминалец, кој пред извесно време излегол од затвор, бил начекан во вторник вечер, пред неговиот ресторан, и убиен.
Познат криминалец, кој пред извесно време излегол од затвор, бил начекан во вторник вечер, пред неговиот ресторан, и убиен.
Имено, со повеќе куршуми од автоматско оружје, во центарот на Шабац, Србија, убиен е Дејан Јаковљевиќ Деба (41), јавија српските медиуми.
Убиецот пукал од „пежо 206“ во движење, по што избегал, а автомобилот го запалил на патот кон Сремска Митровица.
На лице место стигнала полиција и итна помош, но била констатирана само смрт, по прострелните рани во главата и стомакот. Соседите велат дека слушнале шест истрели.
Јаковљевиќ е ликвидиран додека го затворал ресторанот „Чајна кухињица“, чиј сосопственик бил тој.
„Со Јаковљевиќ имаше и една девојка, која најверојатно работела во ресторанот. Многу се исплаши и не можеше да се смири, па лекарите од итната помош ја одведоа во болница“, вели една соседка.
Деба е познат во шабачките криминогени кругови, а отслужил повеќегодишна казна затвор за поседување четири килограми хероин./крај/н/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.