Регион
Унгарија на границата со Србија крева висока ограда

Унгарија ќе изгради четири метри висока ограда долж границата со Србија за да ги спречи илегалните имигранти да влезат на нејзина територија, изјави во средата министерот за надворешни работи, Петер Шијарто.
„Имиграцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Европската унија денес“, рече Шијатро на прес конференција. „ЕУ бара решение, но Унгарија повеќе не може да дозволи чекање“.
„Станува збор за 175 километри долга граница чие физичко затворање може да се изведе со четири метри висока ограда. Министерството за внатрешни работи доби упаство тоа да го подготви“, рече Шијатро.
Унгарскиот шеф на дипломатијата тврди дека ваквиот потег не е во спротивност со ниту еден меѓународен договор. Подготовките за кревање на оградата би требале да бидат завршени до следната среда.
Поголемиот дел од барателите на азил во Унгарија пристигнуваат од Косово, Сирија и Авганистан. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
15-годишно девојче загина по удар од автобус во Земун, повредени се неколку лица

15-годишно девојче загина денеска во сообраќајна несреќа во Земун, додека четири лица се пренесени во болница, меѓу кои бремена жена и шестгодишно дете, пишуваат медиумите во регионот.
Девојчето што починало било удрено од автобус, по што се судриле три патнички возила, според Танјуг.
Според сведоците, жена трчала преку улицата, а возачот на автобусот се обидел да ја избегне, па всушност преминал на тротоарот, каде што го удрил детето.
И јавното комунално претпријатие GSP се огласи по повод тешката сообраќајна несреќа во Земун во која девојче (15) почина кога беше удрено од автобус а неколку лица беа повредени, стои во написите на српските медиуми.
„Денес околу 12:20 часот, на улицата Цар Душан на број 136, се случи тешка сообраќајна несреќа со смртоносен исход и неколку полесни повреди. Во оваа несреќа учествуваа неколку патнички возила и автобус од линија 18 што ја напушти гаражата и се упати кон терминалот за да се вклучи во сообраќајот. Околностите под кои се случи оваа сообраќајна несреќа се уште се непознати и полицијата работи на нивно утврдување“, изјави GSP.
Како што пишува „Телеграф“, автобусот се обидел да избегне жена која трчала преку улицата надвор од пешачкиот премин, поради што свтел на тротоарот, удирајќи го девојчето кое завршило под возилото. На патот, тој удрил во неколку паркирани автомобили, а потоа се забил во порта на куќата.
Телото на девојчето било извлечено од под автобусот од пожарникари, а екипите за итни случаи можеле само да констатираат смрт. Во несреќата биле повредени десет лица, меѓу кои деветмесечна бремена жена, мајка и шестгодишно дете, 74-годишна жена.
Фото: принтскрин
Регион
Девојки скокнале од воз во движење бидејќи ја пропуштиле својата станица, едната е во критична состојба: хорор во Бугарија

Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички воз на линијата Софија-Бургас во близина на железничката станица „Клисура“, потврди вчера прес-центарот на Одделот за внатрешни работи во Пловдив. 20-годишната девојка се здобила со тешки повреди и е во критична состојба, објавува порталот 24chasa.bg.
Инцидентот бил пријавен во службите за итни случаи во вторник околу 13:30 часот. Според првичните информации, девојките скокнале од прозорецот додека возот се движел, објавува БНТ.
Се наведува дека тие скокнале од возот во движење бидејќи ја пропуштиле станицата од каде што требало да слезат.
Наводно, не успеале да ја отворат вратата од вагонот на време. Кога конечно успеале да го сторат тоа, решиле да скокнат, но возот веќе добивал брзина.
Покрената е прелиминарна истрага и е известено Окружното обвинителство.
Поради инцидентот, сообраќајот помеѓу станиците „Клисура“ и „Стрјама“ е привремено прекинат.
Според Антонија Иванова од прес-центарот на Универзитетската болница за активен третман „Свети Георги“ во Пловдив, состојбата на 20-годишното девојче е исклучително лоша, објавува 24chasa.bg.
„Во моментов не можам да дадам никакви дополнителни информации. Другото девојче, кое има 21 година, е хоспитализирано во клиника во здравствена установа во стабилна состојба“, рече таа.
фото: принтскрин
Регион
Дете остана без рака при експлозија на плажа кај Будва

Страшна несреќа се случи на плажа во близина на Будва, каде што вчера експлодираше боца за нуркање. Во таа прилика, едно дете беше тешко повредено.
Црногорската полиција го уапси М. Б. (45), граѓанин на Белград, кој е обвинет за предизвикување јавна опасност и нелегални активности. Според официјалните информации, осомничениот управувал со опрема за нуркање без потребната регистрација или одобрение, што, како што е наведено, ги загрозило животите на присутните.
Детонацијата се случила во непосредна близина на плажата, кога експлодирала боцата за нуркање. Делови од неа одлетале на поголемо растојание и го погодиле детето, странски државјанин, во раката, што довело до ампутирање на неговата рака. Повреденото дете веднаш било пренесено во болница.
До него, уште две лица се здобиле со полесни повреди од експлозијата и побарале медицинска помош.
На местото на настанот дошол обвинителот на Основното државно обвинителство во Котор, заедно со експерти од машинската струка, каде што била спроведена истрагата. По спроведените мерки и дејствија, М.Б. бил уапсен и приведен од надлежните органи.
Несреќата предизвика голема вознемиреност кај туристите и локалните жители, додека истрагата треба да ги утврди сите околности и одговорноста на осомничениот, пренесуваат медиумите во соседството.
Фото: принтскрин