Контакт

Регион

Унгарскиот референдум за бегалските квоти на ЕУ невалиден поради недоволниот одѕив, Орбан го поздрави „извонредниот“ резултат

Објавено пред

Референдумот за бегалските квоти во земјите членки на Европската унија е невалиден и покрај огромното мнозинство избирачи кои ги отфрлија задолжителните квоти, бидејќи одѕивот на гласачите не надмина 50 отсто, објави во неделата унгарската Национална изборна комисија, а премиерот Виктор Орбан го поздрави како „извонреден“ резултатот и порача дека челниците на ЕУ мора да го земат предвид резултатот од гласањето. 
 

dobivaj vesti na viber

Референдумот за бегалските квоти во земјите членки на Европската унија е невалиден и покрај огромното мнозинство избирачи кои ги отфрлија задолжителните квоти, бидејќи одѕивот на гласачите не надмина 50 отсто, објави во неделата унгарската Национална изборна комисија, а премиерот Виктор Орбан го поздрави како „извонреден“ резултатот и порача дека челниците на ЕУ мора да го земат предвид резултатот од гласањето. 

 

„Тринаесет години откако големо мнозинство Унгарци гласаа на референдумот Унгарија да се приклучи на ЕУ, денеска Унгарците повторни се изјаснија за европското прашање. Постигнавме извонреден резултат, бидејќи го надминавме резултатот за приклучувањето“, изјави на прес-конференција унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан најави дека ќе поднесе уставен амандман за да ги озакони резултатите од референдумот, иако тој не е валиден бидејќи одѕивот на гласачите беше под минималниот праг од 50 отсто.

Според челничката на комисијата, Илона Палфи, врз основа на обработените 98,82 отсто од избирачкиот материјал, одѕивот изнесувал околу 3,2 милиони гласачи. А за референдумот да биде валиден, неопходно беше на избирачките места да излезат најмалку 4,5 милиони гласачи.

Од оние кои гласале, во неделата речиси 98 отсто ги отфрлиле бегалските квоти, што значи дека само 168.000 гласале за поддршка на бегалските квоти

Пратеникот на владејачката партија Фидеш, Гергели Гулјаш изјави дека одѕивот бил околу 45 отсто, како и дека над 95 отсто од оние коишто гласале ги отфрлиле квотите. За споредба, на парламентарните избори во 2014 година, одѕивот на гласачите беше 61,73 отсто.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше заговорник на одржувањето на референдумот кој го критикуваа челниците на ЕУ, при гласањето на гласачко место во едно основно училиште во Будимпешта рече дека клучниот момент треба да биде мнозинството на противниците на квотите на ЕУ од вкупниот број гласачи кои во неделата излегле на избирачките места.

Доминацијата на гласовите „против“ обезбедува доволна легитимност за активностите на парламентот и на владата, дури и доколку произлезе дека референдумот не е валиден според излезноста, смета унгарскиот премиер.

„Одржаниот референдум е подобар отколку неодржаниот, но во секој случај ќе има законодавни последици, бидејќи ја преземавме обврската да му го осигуриме на парламентот ексклузивното право да одлучи со кого Унгарците сакаат да живеат“, изјави Орбан.

Во неделата избирачите на Унгарија, којашто според планот на ЕУ за распоредување на 160.000 бегалци, одговараа на прашањето: „Дали сакате Европската унија да донесе одлука за преселување на лица кои не се државјани Унгарија во Унгарија и без согласност на Националното собрание (парламентот)?“.

Владата на Орбан се противи на задолжителните квоти за распределба на бегалците, која е осмисли за да се олесни товарот на јужните членки на ЕУ, Грција и Италија, а Орбан во саботата вечерта уште еднаш ги повика гласачите да ја исполнат својата „задача“ и да ѝ помогнат на владата против одлуките на „елитата од Брисел“.

Бегалската криза покажа длабока поделеност во ЕУ околу тоа како би требало да изгледа Унијата. Се мислеше дека распределбата на бегалците на дело ќе ја демонстрира европската солидарност, но наместо тоа сé повеќе се покажува длабоката поделеност.

ЕУ во јули 2015 година се обврза дека следните две години ќе размести 40.00 бегалци кои дојдоа во Италија и во Грција. Потоа бегалската рута од Средоземјето се префрли преку балканските земји, па Европската комисија предложи во програмата за преместување да се вклучи и Унгарија, од каде требаше да бидат релоцирани 54.000 луѓе. Унгарија тоа го одби и наместо тоа подигна ограда и ја сврти патеката кон Хрватска и Словенија.

Потоа ланскиот септември ЕУ се обврза дека дополнително ќе премести 120.00 луѓе, со што вкупната бројка за преместување се искачи на 160.000, во чии рамки се и оние 54.000 кои требаа да бидат преместени од Унгарија. Тогаш Советот на ЕУ прифати две обврзувачки одлуки за воспоставување привремени и вонреден механизам за преместување на 106.000 луѓе од Грција и од Италија, првите членки во кои бегалците влегуваат на територијата на ЕУ.

Одлуката за распределба на бегалците меѓу земјите членки беше донесена со просто мнозинство. Против таа одлука гласаа Чешка, Унгарија, Романија и Словачка, а Финска беше воздржана. Клучот за распределба по земјите членки ја зема предвид големината на земјата и нејзината економска моќ./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Загреб падна замрзнат дожд

Објавено пред

Од

Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.

dobivaj vesti na viber

Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.

Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.

Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

Објавено пред

Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.

dobivaj vesti na viber

Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.

Фото: илустрација (ЕПА)

Прикажи повеќе...

Регион

Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро

Објавено пред

Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.

dobivaj vesti na viber

Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.

„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.

Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.

Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет13 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет20 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет20 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет20 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет21 час

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет21 час

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...