Регион
Варуфакис им објави војна на богатите Грци
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис вети во саботата дека „нема да има милост“ во борбата против оние коишто можат да плаќаат и не го исклучи можното воведување на вонреден данок за да се осигури буџетска рамнотежа.
„Се обврзавме на буџетска рамнотежа. Доколку бидам присилен да воведам вонреден данок, ќе го сторам тоа и тоа ќе биде за оние коишто можат да платат, нема да бараме пари од оние кои одвај преживуваат“, изјави грчкиот министер за финансии во интервјуто за телевизијата Skai.
„Не интересираат оние кои имаат пари и никогаш не платиле. Тие се на нашиот нишан и ќе бидеме немилосрдни“, порача министерот Јанис Варуфакис. Притоа изрази и желба европските партнери да и’ помогнат на Грција.
Премиерот Алексис Ципрас во петокот навечер ја најави првата серија мерки во борбата против затајувањето на данокот и зголемување на државните приходи со апелот до даночните обврзници да ги со плаќаат својот дел од долгот на државата. Вкупниот долг на грчките даночни обврзници, инаку, изнесува 76 милиони евра и се зголемува од месец во месец.
По тешките преговори Грција успеа да постигне продолжување на планот за европската финансиска помош и се обврза да воведе низа мерки поради гарантирање на буџетската рамнотежа и почитување на своите долгови кон меѓународните доверители, односно Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Зборувајќи пред централниот одбор на својата радикална лева партија Сириза, Ципрас во саботата повтори дека преговорите со европските партнери биле многу тешки,како и дека имало огромни притисоци и оти тешката борба продолжува./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.
Регион
Јотова почна консултации со парламентарните партии за избор на привремен премиер во Бугарија
Пред да објави кого ќе назначи за вршител на должноста премиер, претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе разговара одделно со пратеничките групи во 51. состав на Националното собрание.
Консултациите започнуваат денес со првите две најголеми формации. Во 11 часот е состанок со претставници на ГЕРБ-СДФ. Во 13:30 часот, во „Дондуков“ 2, поканета е втората најголема парламентарна група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“.
Претседателот минатата недела разговараше одделно со 10 можни кандидати за вршител на должноста премиер. Петмина потврдија дека се подготвени да предводат привремена влада: заменик-гувернерот на Бугарската народна банка Андреј Ѓуров, заменик-омбудсманот Марија Филипова, претседателот на Сметковната комора Димитар Главчев и неговите заменик-претседателки Маргарита Николова и Силвија Кадрева.
„Оние кои рекоа да, разговаравме за нив. Од моја страна беа поставени прашања – како планираат да ги надминат сите проблеми за да нема повеќе откажани избори“, рече Јотова, пренесе Факти.бг“.
Пред да ја објави својата одлука за тоа кого ќе назначи да формира привремен кабинет, таа ќе одржи и консултации со пратеничките групи:
„Изборот на следниот привремен премиер е избор на Народното собрание. Тие гласаа за овие измени на Уставот. За мене, разговорот со пратеничките групи исто така ќе биде исклучително важен“.
Разговорите започнуваат со најголемата парламентарна група. ГЕРБ-СДФ изрази надеж дека привремениот кабинет ќе биде неутрален. Деница Сачева, заменик-претседателката на пратеничката група ГЕРБ-СДФ:
„Се надевам дека г-ѓа Јотова ќе создаде апсолутно неутрална архитектура за привремената влада. ГЕРБ нема да дава никакви совети, ниту за тоа кој ќе биде привремен премиер, ниту за тоа кој ќе биде привремен министер“.
Втората средба на „Дондуков“ 2 денес е со „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“. На консултациите, тие ќе побараат од идниот привремен министер за правда да предложи нов вршител на должноста генерален обвинител. Божидар Божанов, заменик-претседател на пратеничката група на ПП-ДБ:
„Од имињата на маса, единствениот што не е поврзан со Пеевски е г-дин Ѓуров“.
Од „Вазраждане“, кои одбија да учествуваат во консултациите со претседателот, посочија кој, според нив, е погоден за привремен премиер. Петар Петров, заменик-претседател на пратеничката група „Вазраждане“: „Андреј Ѓуров е најприфатлив“.
Во наредните денови се очекуваат и средби со другите пратенички групи. По консултациите, Илијана Јотова ќе објави кого ќе назначи да формира привремена влада.
Регион
Со фантомка и оружје македонски државјанин ограбил пет кладилници и пошта во Србија, полицијата го уапси
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика на пиштол која, како што се сомнева, ја користел при извршувањето на кривичните дела.
Тој се товари за пет кривични дела разбојништво, одредено му е задржување до 48 часа и ќе биде приведен во Обвинителството, соопшти Полициската управа во Краљево.

