Контакт

Регион

Велика Британија и Германија сакаат да ја видат БиХ во ЕУ до 2025 година

Објавено пред

Планот на Велика Британија и Германија за деблокирање на реформите и извлекувањето на Босна и Херцеговина (БиХ) од стагнацијата, е подготвуван со месеци и според него БиХ би требало да стане членка на ЕУ до 2025 година, пишува Dnevni avaz.

dobivaj vesti na viber

 

Далеку од очите на јавноста, Лондон и Берлик ги консултирале претставниците на дипломатската и меѓународната заедница во БиХ, но и во Брисел, како и невладиниот сектор и независните интелектуалци.

 

Планот на Велика Британија и Германија за отстранување на блокадите во европските интеграции на БиХ во четвртокот во Берлин бил презентиран од шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Германија, Филип Хамонд и Франк Валтер Штајнмајер, кои побарале од босанските политички лидери, во пишан документ да се обврзат на институционални реформи на сите нивоа и да ги усогласат плановие за широки политички и економски реформи.

 

За возврат, Британија и Германија ќе настојуваат да добијат поддршка од европските земји за одобрување на Договорот за стабилизација и асоцијација на БиХ, со што би се одобриле и претпристапните средства на ЕУ за извршување на неопходните реформи.

 

Avaz пишува дека овој план, помеѓу желбите и реалноста, настанал во четири чекори и со него БиХ би требало да се доведе до стадиум кога европските бирократи ќе ги проверуваат реформите поглавје по поглавје, и ќе ја доведат земјата до европските стандарди.

 

Амбицијата е до крајот на следната година земјата да се најде на исто нивосо Албанија, односно целта на Лондон и Берлин е БиХ на крајот на 2015 година да има статус на земја кандидат и да ги започне преговорите за членство. Доколку овој план се оствари, БиХ за најдоцна десет години, доколку ја има неопходната политичка волја, ќе стане полноправна членка на ЕУ.

 

Доколку не се остварат неопходните реформи пак, БиХ не само што ќе ја загуби европската перспектива, туку и милијарда евра помош, а според Avaz, пред земјата стои едноставен избор – или одлучно да се посвети на реформите кои на нејзините граѓани ќе им донесат подобра иднина, или пак уште повеќе да потоне во стагнација и самоизолација./крај/мф/бс

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Сараево: Парламентарците од Балканот за ЕУ, но без договор за статусот на Косово

Објавено пред

Учесниците на Конференцијата на парламентарни комисии за европска интеграција од земјите од Процесот за стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа (КОСАП) во Сараево оценија дека е потребно да се забрза патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, но не успеаја да се договорат за заедничка изјава за ова прашање.

dobivaj vesti na viber

Учесници на конференцијата беа претставници на парламентите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, заедно со гости од парламентите на Грузија и Турција. Пратениците на КОСАП сметаат дека е потребно да се забрза процесот на европска интеграција на сите земји од регионот и дека никој, имајќи го предвид сегашниот геополитички контекст, не треба да биде изоставен од тој процес, пренесе „Индекс“.

Тие ја нагласија потребата од зајакнување на регионалната меѓупарламентарна соработка со цел зајакнување на надзорот врз извршните тела, особено во процесот на европска интеграција, како и подготовката на сите земји во регионот за членство во ЕУ. Тие, исто така, посочија на фактот дека интеграцијата е двонасочен процес, што е во интерес и на ЕУ и на земјите што сакаат да станат полноправни членки, објави Парламентот на БиХ.

Сепак, претставникот на ХДЗ БиХ во Домот на народите на Парламентот на БиХ, Зденко Ќосиќ, им рече на новинарите по таа средба дека само ветувањата го поттикнуваат евроскептицизмот во земјите од регионот, иако е јасно дека тие самите не ги исполнуваат задачите што се очекуваат од нив.

Ќосиќ, исто така, потврди дека старите спорови сè уште постојат, што е причината зошто учесниците на состанокот на КОСАП не усвоија заедничка изјава по состанокот во Сараево. „Постигнавме договор за повеќето прашања, но не и за заедничка изјава“, им рече Ќосиќ на новинарите. Нема изјава бидејќи немаше едногласно мислење, но вистинскиот проблем е што немаше договор за името или статусот на Косово. „Србија беше против тоа, а ние го имаме она што го имаме“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Oблакодерот „Вјесник“ по катастрофалниот пожар кој гореше цела ноќ и цел ден, се чекаат проценки за статиката

Објавено пред

Пожарот што синоќа, непосредно пред полноќ, избувна во облакодерот на „Вјесник“ на Славонска авенија, се гаснеше речиси цел ден. Загрепските пожарникари полни 17 часа работеа на локализација и целосно гасење на огнот што зафатил повеќе ката од зградата, пренесе Индекс.

dobivaj vesti na viber

На терен биле 93 пожарникари со 30 возила, а целиот дел околу облакодерот бил блокиран. Како што наведува Индекс, среќа е што нема повредени, но причината за пожарот сè уште не е позната. Пожарникарите цела ноќ се бореле со високи температури и густ чад што излегувал преку прозорците и вентилациските отвори на зградата.

Делови од градот и понатаму затворени

На вонредна прес-конференција, Андро Павуна, началник на Управата за месна самоуправа, сообраќај, цивилна заштита и безбедност, потврдил дека Славонска авенија кон исток и подвозникот остануваат затворени.

Се очекува повторно да се отвори во следните часови, во зависност од проценките на стручните служби. Сообраќајот во поширокото подрачје и понатаму е отежнат, а полицијата ги повикува граѓаните да користат алтернативни правци.

Температури и до илјада степени

Марио Урош од Градежниот факултет открил дека температурата во облакодерот за време на пожарот достигнувала околу 500°C, а на поединечни места и до 1000°C.

Во тек се детални процени на статиката на зградата. Според првичните наоди, статиката засега не е загрозена, но конечната одлука за иднината на објектот сè уште не е донесена.

Рушење или обнова?

На новинарско прашање дали ќе се пристапи кон рушење на облакодерот или негова можна обнова, министерот за градителство Бранко Бачиќ изјавил дека е прерано за одлуки.

„Ќе ги почекаме проценките, тие ќе бидат донесени во наредните денови“, изјавил министерот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Нови инциденти во Црна Гора: колона хрватски навивачи нападната со камења

Објавено пред

Хрватската фудбалска репрезентација го одигра својот последен натпревар на гостински терен од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Црна Гора. Иако натпреварот беше мирен, по завршувањето се случи инцидент, објавува навивачката веб-страница Hooligans.cz.

dobivaj vesti na viber

Најсериозниот инцидент се случил кога навивачите се враќале дома. На патот што тргнувал од Подгорица, група непознати напаѓачи поставиле заседа и каменувале конвој автомобили што ги превезувале хрватските навивачи. Кога патниците излегле од своите возила, напаѓачите избегале во блиската шума. Моментно нема официјални информации за евентуални повредени или материјална штета.

Исто така, имаше напад врз хрватските навивачи, кои влегуваа во Црна Гора, кога група хулигани нападнаа комбе со сплитски регистарски таблички со стапови и камења. И покрај нападот, ниеден од патниците во комбето не беше повреден.

Речиси 600 навивачи на хрватската репрезентација вчера пристигнаа во Подгорица кратко по 15 часот. Снимките покажуваат дека голем број полицајци биле присутни околу стадионот опкружувајќи ги автобусите со хрватски навивачи. Полициската управа претходно објави дека капацитетот е зголемен на максимум и дека специјалните полициски единици се ангажирани и за одржување на јавниот ред и мир.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа46 минути

Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија...

Свет47 минути

(Видео) Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице е исчезнато

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно...

Свет53 минути

Пет туристи загинаа во снежна бура во Чиле: двајца Германци, двајца Мексиканци и еден Британец

Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле,...

Свет56 минути

(Видео) Новинарка на „Еј-би-си“ го праша американскиот претседател за Епштајн, Трамп: „Треба да ти се одземе дозволата“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека на подружниците на „Еј-би-си“, во сопственост на Волт Дизни, треба да им...

Македонија10 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија13 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија14 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија18 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија20 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија21 час

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија22 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија22 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија22 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион23 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа24 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион1 ден

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет1 ден

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион1 ден

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија1 ден

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...