Регион
Во Албанија фатени 81 имигрант

Албанската полиција во близина на градот Скадар на патот кон граничниот премин Хани Хотит кон Црна Гора фати 81 имигрант.
Албанското МВР јави дека станува збор за имигрант од земји на Средниот исток ,кои имале за цел да заминат во некоја од земјите на Европската унија , користејќи ја Албанија како транзитна земја.
Медиумите во Тирана информираат дека во Албанија во најголем број имигрантите влегуваат нелегално преку Грција за да потоа преку меѓународни организации кои се занимаваат со трговија со луѓе истите да се пренесат во некоја од земјите на ЕУ и тоа најчесто преку Црна гора и Хрватска .
Од почетокот на оваа година медиумите во Албанаија јавија дека албанските власти имаат фатено и вратено во нивните земји над 300 имигранти./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.