Регион
Во Атина претепан клучниот сведок за аферата Siemens
Во грчката престолнина Атина е претепан клучниот сведок во големиот случај на корупција во грчката филијала на германската компанија Siemens, поранешната секретарка на генералниот директор на филијалата Михалис Христофоракос, јави атинското радио во саботата.
Судската разврска на случајот Siemens започна на почетокот од март. На обвинителната клупа ќе седнат вкупно 64 лица, меѓу кои и Михалис Христофоракис, која повеќе години се крие во Германија. Берлин одбива да го екстрадира и покрај неколкуте европски налози за негово апсење.
„Нападот се одиграл во средата вечерта. Поранешната секретарка била брутално претепана од непознат маж, кога излегла од својот дом да фрли ѓубре“, се вели во извештајот на радиото. Жената чие име не се открива, е ставена под програмата за заштита на сведоци, и за нејзината безбедност биле ангажирани двајца полицајци, кои дежурале пред нејзиниот дом во утринските и во вечерните часови „Последните неколку седмици, во рамките на намалувањето на полициското обезбедување на приватни лица, бил отповикан еден од полицајците кои давале дежурство во вечерните часови. Полицијата истражува кој го нападнал сведокот, и дали тоа е поврзано со скандалот со Siemens“, се вели во полициското соопштение.
Случајот на поткупување на функционери од страна на атинското претставништво на Siemens, е еден од најголемите корупциски скандали во Грција. Според истрагата, компанијата во текот на подготовките на летните Олимписки игри во Атина во 2004 година поткупувала функционери за непречено да добива големи државни договори во износ од 1,3 милијарди евра. Вкупната сума на митото се проценува на 100 милиони евра. Поради скандалот во 2008 година беа блокирани неколку договори, меѓу кои и оној за обезбедување сигнални уреди за безбедно движење на композициите во атинското метро. Притоа, било уредено така што подземната железница во грчката престолнина станала заложник на германската компанија, бидејќи се покажало дека системите на другите компании не се компатибилни со опремата којашто веќе ја инсталирал Siemens на старите линии.
Од „црните фондови“ на реномираната германска компанија, според грчката истрага, било давано мито и при склучување на договори за снабдување со дигитална опрема за автоматизираните телефонски центри на грчкиот телекомуникациски оператор ОТЕ.
По речиси десет години откако беше откриено постоењето на „црните фондови“, пред судот ќе бидат изведени 64 обвинети во случајот на ОТЕ. Меѓу нив е и поранешниот генерален директор на Siemens Hellas, Михалис Хростофоракос, банкарот Жан Клод Освалд, членовите на поранешните извршни одбори на ОТЕ, 13 државјани на Германија, поранешни функционери на „мајчинската“ компанија. Обвиненијата беа укинати за уште 80 други лица. Одлуката на обвинителството предметот да биде предаден во судот беше донесена на 9-ти март.
Во меѓувреме Атина ги засили повторните барања од Германија да ѝ биде предаден главниот осомничен во скандалот, Христофоракос.
Прашањето за корупција во концернот Siemens, новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис го отвори на неодамнешната заедничката прес-конференција со германскиот колега Волфганг Штајнмаер. Бидејќи Германија бара од Грција да се справува со затајувањето данок и корупцијата, Варуфакис побара соработка во тоа и конкретно во случајот Siemens. Според германските медиуми, ова прашање било неочекувано за Шојбле. „Доколку секој го одржува својот двор чист, тогаш сите дворови ќе бидат чисти“, рекол.
Сепак, и покрај трите европски налога за апсење на Христофоракос, кој поседува и германско државјанство, германските власти одбиваат да ги извршат, откако еден од тамошните судови ги прогласи налозите за неуставни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Влеговме во изборна година, можеби покрај парламентарните ќе имаме и претседателски избори
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија „влезе во изборна година“ и дека единственото прашање е дали претседателските избори ќе се одржат покрај парламентарните избори. Тој додаде дека сè уште нема вести од САД во врска со српската нафтена индустрија и дека утре ќе биде организиран „голем состанок“ по овој повод.
Тој рече дека Србија се соочува со тежок период, но дека земјата се подготвила за него.
„Немам никакви вести, не верувам дека ќе има. Тежок период е пред нас, но ние се подготвивме. Имаме голем состанок утре во 11:30 часот, дотогаш треба да ги подготвиме сите потези, па ќе ве информираме што правиме“, им рече Вучиќ на новинарите
„Влеговме во изборна година, најдоцна за една година ќе имаме избори“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Вучиќ рече дека сега останува да се подготват изборите и да се види кој ќе учествува на нив, колку листи и кои кандидати.
Вучиќ исто така рече дека, и покрај победата на изборите, СНС мора детално да анализира каде можело да се направи повеќе и што треба да се постигне за да се подобрат резултатите.
„Ќе мора да направиме големи и значајни промени“, рече Вучиќ.
Регион
Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во Грција, протестите се шират во земјата
Протестите на незадоволните грчки земјоделци поради доцнењето на исплатата на субвенциите од Европската Унија денес се проширија во областа на Солун, каде што колони од трактори стигнаа до наплатната рампа Малгара и го блокираа сообраќајот на националниот автопат кон Атина. Припадници на полицијата првично го затворија пристапот до автопатот кај кружницата Малгара и не дозволија тракторите да поминат, но подоцна конвојот, во придружба на полицијата, стигна до наплатната рампа и постави блокада, јавува грчкиот канал ЕРТ.
Околу 11.20 часот правецот кон Атина беше затворен, а кратко потоа двата правци од националниот пат беа затворени.
Во исто време, има голема мобилизација меѓу земјоделците од источен Солун, кои најавија дека ќе им се придружат на своите колеги од Халкидик на заедничка блокада в среда.
Во меѓувреме, земјоделците во целата земја ги блокираа клучните национални патишта во знак на протест поради, како што велат, високите трошоци за производство, ниските цени за купување и доцнењата во владините плаќања, објави „Јуроњуз“.
На автопатот Атина – Солун, во областа Лариса, блокадата целосно го запре сообраќајот во текот на денот, а полицијата ги пренасочуваше возилата кон алтернативни патишта.
Земјоделските здруженија најавија дека, доколку не добијат одговор на нивните барања, протестите ќе бидат проширени.
Во неделата, за време на првиот ден од протестите на грчките земјоделци во централните и во северните делови на земјата поради доцнењето во исплатата на субвенциите од Европската Унија, тројца земјоделци беа уапсени во судирите со полицијата, а четири лица беа повредени – двајца земјоделци и двајца полицајци, објавија грчките медиуми.
Стотици земјоделци излегоа на улиците вчера блокирајќи ги патиштата со своите трактори во неколку области во знак на протест против конзервативната влада поради проценетиот недостиг од 600 милиони евра помош од ЕУ и други исплати, пренесува „Танјуг“.
Доцнењето на исплатите доаѓа во време на истраги за скандал во кој некои земјоделци наводно фалсификувале сопственост на земјиште и добиток за да добијат земјоделски субвенции од ЕУ. Блокадите беа дополнително засилени по апсењето неколку лица минатата недела како дел од истрагата за милионска измама со земјоделски субвенции исплатени од грчката ОПЕКЕПЕ, надлежното тело за распределба на средствата од ЕУ.
Канцеларијата на европскиот обвинител (ЕППО) објави дека прелиминарната истрага утврдила оти 324 лица примиле вкупно 19,6 милиони евра нелегални субвенции.
Фото: ЕПА
Регион
Откажан концертот на Аца Лукас на Јахорина; Додик: Тој го повреди српскиот народ
Концертот на српскиот пејач Аца Лукас што требаше да се одржи на 12 декември во Олимпискиот центар во Јахорина беше откажан. Причината за откажувањето е фотографијата на која пејачот е во друштво на поранешниот воен командант на Армијата на РБиХ, Насер Ориќ.
„Фотографијата предизвика загриженост и возбуда кај јавноста во Република Српска. Јавноста ќе биде навремено информирана за новиот изведувач кој ќе настапи наместо најавениот, додека сите други програми во рамките на Скијачкото отворање ќе бидат реализирани според планот“, се вели во соопштението на Олимпискиот центар.
]Фотографијата објавена од самиот Ориќ предизвика бурни реакции. Тоа го вознемири претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и до неодамна претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
„Аца Лукас длабоко нè повреди сите нас во Република Српска со поврзувањето со Насер Ориќ. Злосторствата што Насер Ориќ и неговите војници ги извршија против српскиот народ во областа на Сребреница и Братунац беа монструозни, и затоа Лукас, фотографирајќи се со него, длабоко ги повреди потомците на жртвите и српскиот народ.
По овој чин, Аца Лукас го изгуби кредибилитетот за каков било иден настап во Република Српска, особено на отворањето на зимската сезона во Јахорина“, напиша Додик на X.
Насер Ориќ е бошњачки воен командант кој ја предводеше одбраната на енклавата Сребреница за време на војната во Босна и Херцеговина. За Бошњаците, тој е симбол на одбраната на Сребреница од српските сили до нејзиниот пад во јули 1995 година.
Во исто време, многу Срби го сметаат за одговорен за злосторства против српските цивили во околните села во текот на 1992 и 1993 година.
Тој беше обвинет за воени злосторства против Србите од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во Хаг, но беше ослободен во 2008 година. Судот заклучи дека, иако злосторствата биле извршени, не е докажано дека Ориќ лично ги наредил или можел да ги спречи.
Подоцна беше уапсен во Швајцарија по српска потерница, но исто така беше ослободен од сите обвиненија по судењето во Босна и Херцеговина.
Ориќ го бранеше Лукас во интервју за Аваз вчера. „Гледам дека сега прават предавник од човек. Јадицата и мотиката беа кренати, а јас му се приближив и го замолив за фотографија. Верувам дека тој дури и не знаеше кој сум. Тоа е толку апсурдно, и на крајот на краиштата, јас не сум воен злосторник, туку почесен војник на Армијата на Република Босна и Херцеговина кој беше ослободен од сите обвиненија во Хаг“, забележа тој.
Тој истакна дека немало лоша намера и дека фотографијата е направена на забава во куќата на заеднички пријател.
„Го сакам Аца, ја почитувам неговата работа и неговите песни, едноставно сакам да го слушам човекот како пее и тоа е сè. Гледам дека и Додик се огласи и бара на Аца да му се забрани да учествува на концертот. И Додик знае дека и јас бев добар за него и му се јавив кога му требав. Тој многу добро знае за што зборувам“, тврди Ориќ.
Лукас се огласи преку Инстаграм по веста за откажувањето на концертот.

„Никогаш не побарав поддршка од Милорад Додик! Тој го направи тоа неколку пати, и ја доби! Жал ми е што Миле денес е само претседател на една партија. Не ги делам луѓето по националност, религија или боја на кожа, а најмалку од сè, не ги прашувам моите обожаватели кои доаѓаат да се сликаат со мене за нивните лични карти да ги знаат нивните имиња.
Никогаш не учествував во ужасите на војната! Никогаш не учествував во поделбата на луѓето и земјите затоа што ги сакам сите луѓе на светот! И во секој агол од планетата каде што пеев, бев достоен претставник на мојот народ и на сите други народи на Балканот“, рече Лукас.
фото/инстаграм

