Регион
Во Хрватска пронајден мртов маж во воена униформа

Непознат маж рано во вторникот си пресудил и се разнел со експлозивна направа пред кружниот тек на влезот во приморскиот град Водице во Хрватска, соопшти портпаролката на полицијата Марица Косор.
Иако увидот сé уште е во тек и сé уште се утврдуваат околностите како настрадало непознатото машко лице, неофицијални извори тврдат дека станува збор за поранешен хрватски бранител кој се усмртил со активирање експлозивна направа.
„Стоев и чекав да минат возилата кога забележав под скалите кои се наоѓаат во средишниот дел на кружниот ток куп алишта и помислив дека некој брзајќи ги заборавил. Пријдов поблизу и шокиран здогледав целосно крваво и непрепознатливо тело, по што веднаш повикав полиција“, раскажува очевидец кој прв го здогледал телото и го пријавил случајот о полиција.
Неофицијални извори смртта на мажот облечен во униформа ја поврзуваат со денешната прослава по повод Денот на победата и националниот Ден на благодарноста.
Дојавата за пронајденото безживотно тело полицијата ја добила околу седум часот.
Косор истакнала дека случајот го презел државниот обвинител./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.