Регион
Вучиќ: Бевме многу близу да ги ослободиме грабнатите во Либија
Српскиот премиер Александар Вучиќ во саботата изјавил дека Србија била „многу блиску“ ослободувањето на двата службеници во српската амбасада грабнати во ноември 2015 година во либискиот град Сабрата, пред да бидат убиени во американски воздушен напад врз позиции на екстремната сунитска група Исламска држава во овој град.
Како најодговорен за грабнувањето на двајцата српски дипломати, премиерот Александар Вучиќ ги посочи припадниците на поширокото семејство на извесен Ахмед Абаши, кој се занимавал со криумчарење и префрлување имигранти од Либија кон Италија. Додаде дека Абаши не бил припадник на Исламската држава, но тесно соработувал со оваа терористичка организација.
Оценувајќи дека станувало збор за „голема заложничка криза со којашто се соочи Србија“, во којашто српската разузнавачка агенција БИА постапувала „извонредно професионално“, Вучиќ истакна дека двајцата грабнати „ги убија американски бомби“, нагласувајќи оти верува дека двајцата дипломати би биле ослободени доколку не биле убиени во американското бомбардирање.
Според Вучиќ, грабнувањето не било случајно, но двајцата српски службеници најверојатно се случајно грабнати, а Србија никогаш директно не преговарала со грабнувачите, но „ги држеше работите под контрола“ и секоја седмица добивала информации дека се живи и здрави. Српската разузнавачка агенција во текот на кризата соработувала со повеќе странски служби и агенции, вклучително и руските и американските.
Вучиќ рече и дека и во саботата разговарал со претставници на американските служби, но „според сé судејќи, тие немале сознанија“ дека и двајцата Срби како и уште неколку странци, се на локацијата којашто е бомбардирана.
Според него, имало разни опции и понуди за ослободување и откуп, вклучително и понуда на либиските власти за заедничка акција за ослободување, но српските безбедносни агенции процениле дека таквата акција би предизвикала многу жртви, па и можни дополнителни сериозни последици за безбедноста на српските граѓани во странство.
На вонредната прес-конференција во владата на Србија, Вучиќ најави дека телата на настраданите во понеделник ќе бидат донесени во татковината. Тој соопшти дека на министерството за надворешни работи ќе му сугерира по овој трагичен случај и моменталните околности во оваа земја, да биде затворена српската амбасада во Либија.
Двајцата службеници на српската амбасада, Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ. беа грабнати во либискиот град Сабрата на 8-ми ноември, при напад врз колона возила во која бил и амбасадорот на Србија Оливер Потежица.
Сабрата се смета за едно од упориштата на екстремистите во Либија, каде безредието по соборувањето на режимот на Муамер ел-Гадафи привлече радикални екстремисти и џихадисти.
Американското министерство за одбрана потврди дека неговите воздухопловни сили извршиле воздушни напади, наведувајќи дека целата бил камп за обука на Исламската држава во Сабрата. Според Пентагон, целта претставувала опасност за САД. Во нападот загинале повеќе од 40 луѓе, најголем дел Тунижани кои се наоѓаат во соседна Либија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

