Регион
Вујановиќ: Потврдено е, Црна Гора ќе добие покана за НАТО

Извесно е дека Црна Гора ќе добие покана за членство во НАТО, изјавил во понеделникот црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, додавајќи дека ова јасно му било потврдено од страна на „најголемите адреси“ на Алијансата, пренесуваат црногорските медиуми.
По учеството на самитот на ОН за климатските промени во Париз, Вујановиќ рекол дека денот кога Црна Гора ќе добие покана за НАТО ќе биде „голем ден“ за оваа држава.
„Можам да ја изразам со целосна сигурност прогнозата за нашата покана во НАТО. Сите соопштија дека Црна Гора ја заслужи оваа покана и дека со вредното делување покажавме дека сме во состојба да ги усвоиме стандардите на НАТО“, рекол Вујановиќ.
Тој потсетил дека поканата ќе биде ратификувана во 28-те држави членки на НАТО и дека Црна Гора со тоа ќе добие можност да стане полноправна членка на воената Алијанса. Според него, Црна Гора со ова ќе добие можност за развој на економијата, можност за работни места и поголем стандард на граѓаните, како и за подобра политичка позиција.
„Тоа што секогаш сакам да го нагласам е дека ова претставува ново забрзување на процесот на европските интеграции. Со членството во НАТО ние забрзано се движиме кон Европската унија. Мислам дека денот кога ќе добиеме покана за НАТО ќе биде голем ден за Црна Гора“, порачал тој.
Инаку се очекува во среда министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и официјално да донесат одлука за покана до Црна Гора да стане дел од Северноатланската алијанса./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Згмечен автобус откако удри во друг автобус во Осиек, бројот на повредени се искачи на 20 лица

Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуси што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек.
Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.
Во болница се примени 20 повредени лица, а засега ниту едно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата, посочи градоначалникот.
Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен технички преглед, кој не констатирал недостатоци.
Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинска помош е во тек, а според првичните информации ниту една од повредите не е опасна по живот.
Регион
Млад човек тешко повреден во Белград: добил струен удар кога се качил на локомотива

Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград.
Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело.
Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош.
Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград, а за случајот е известено и обвинителството.
Регион
Српскиот народ се сеќава и не ги заборава своите жртви: Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија

Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ.
„На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, мостови, железници. Не избираа цели – го избраа народот“, рече Додик.
Тој потсети дека во тоа страшно бомбардирање на НАТО загинале Ристан, Милица, Бојана… и илјадници други невини луѓе, а биле убиени само затоа што биле Срби и затоа што се осмелиле да бидат слободни.