Контакт

Регион

Земјотрес и во Црна Гора

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтеровата скала го погоди во саботата југот на Црна Гора, 40 минути по полноќ, а епицентарот бил околу 20 километри северно од Херцег Нови, кон границата со Хрватска.

Земјотресот, исто така, бил почувствуван и во другите градови на црногорското приморје, и во центарот дел на Цетиње, Никшиќ и Подгорица, како и во некои области на Хрватска и на Босна и Херцеговина.

„Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше земјотрес од средна јачина со епицентар од 4 километри североисточно од Крушевица“, се наведува во соопштението на Сеизмолошкиот завод и се додава дека магнитудата на епицентарот била 4,0 по Рихтер. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот можел да предизвика помали материјални штети во епицентралното подрачјето, проценуваат сеизмолозите./крај/мф/сн

Регион

Од утре бесплатни ПЦР-тестови за туристите во Црна Гора

Објавено пред

Министерството за здравство на Црна Гора го извести Институтот за јавно здравје и сите здравствени домови дека од утре ќе се прават бесплатни ПЦР-тестови за туристите на кои им е потребен овој тест за да се вратат во своите матични земји, соопшти владиниот оддел.

Министерството од денес ги ублажи мерките што се спроведуваат со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе важат нови, либерализирани мерки со кои ќе се укине забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти ќе се помести за еден час и е дозволен од 19:00 до 22:00 часот.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Белград ќе биде организиран концерт за да се види како се шири коронавирусот

Објавено пред

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, најави дека ќе биде извршен контролиран експеримент за ширењето на коронавирусот, какви што беа направени во Барселона, Амстердам и други градови.

„Експериментот подразбира организација на концерт, а ќе биде утврдено кој ќе дојде на настанот, дали само вакцинирани или ќе бидат потребни тестови за антитела, негативни ПЦР тестови итн. Сите луѓе што ќе присуствуваат ќе бидат следени после тоа и можете да бидете сигурни дека српската наука ќе се покаже како успешна и дека сите ќе ги пренесат резултатите од студијата“, рече Весиќ.

Тој кажа дека Градот ќе плати за логистиката, а експертите ќе направат медицинска студија.

„Со нетрпение го очекувам ова, бидејќи резултатите од студијата ќе ни помогнат да донесеме одлука за организација на концерти, фестивали и други големи настани. Ќе имаме точни индикатори за тоа како се шири или не се шири вирусот“, рече Весиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Брзи домашни тестови во аптеките во Хрватска

Објавено пред

Брзи домашни тестови за коронавирус за десет дена ќе пристигнат во хрватските аптеки, објави телевизијата РТЛ.

Тестот ќе се прави со плунка, а ќе биде достапен за купување во аптеките по цена под 100 куни односно околу 13 евра.

Тестовите за самотестирање се одобрени на ниво на Европската Унија.

„Ова се медицински производи кои се наменети за самостојна употреба од страна на лаици. Имајќи предвид дека ги користат непрофесионалци во процесот на проверка на овие тестови беше потребно да се докаже дека се доволно сигурни и едноставни и дека граѓаните можат да ги користат безбедно“, изјави портпаролката на хрватската Агенција за лекови, Маја Башиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија3 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа3 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа3 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет4 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет5 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија16 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија20 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија20 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија22 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија23 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија24 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие